Евиденција на пчелините семејства Печати
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Правна регулатива
Петок, 29 Јануари 2010 21:18

На земјава итно и треба катастар на пчелни семејства за да се идентификуваат и одбележат сите пчели преку софтверски систем,но и за да се овозможи извоз на пазрите во Европската унија.

ИНТЕНЗИВНО ГИ КОРИСТИМЕ ПРИРОДНИТЕ УСЛОВИ ЗА РАЗВОЈ НА ПЧЕЛАРСТВОТО


Македонскиот мед доби виза за ЕУ


На земјава итно и треба катастар на пчелни семејства за да се идентификуваат и одбележат сите пчели преку софтверски систем, но и за да се овозможи извоз на пазрите во Европската унија


Македонскиот мед, поради високиот квалитет, се повеќе се бара на европскиот и светскиот пазар. Но, за да се зголеми извозот на овој висококвалитетен природен производ, неопходно е да се направи катастар на пчелни семејства. Тоа значи дека треба да се воведе и развие софтверски систем за идентификација и обележување на пчелните семејства во земјава.

Според информациите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ во изготвувањето на пчелниот катастар се очекува техничка помош од Турската агенција за развој и соработка (ТИКА) преку нејзиниот кординатор во Канцеларијата во Скопје.
-Техничката помош треба да овозможи идентификацијана на сите пчелните семејства, но и обука за маркетинг-пласман на произведениот мед на европскиот пазар, вели Бесир Јашари, државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостоапнство.

Неопходно е, додава тој, да се воведе сертификат за пчелите, но и за македонскиот мед. За реализација на сите овие активности потребна е техничка и правна процедура, која пак треба да биде усогласена со пропишаните стандарди на Европската унија.

Тунџај Башоглу, директор на Канцеларијата за програмска координација на Турската агенција за развој и соработка во Скопје, истакнува дека дел од проектот кој во изминатите три години го реализираше ТИКА во соработка со Министреството за земјоделство, е и здравствената заштита при одгледувањето на пчелите и воспоставувањето на следливост на апи-производите.
- Тоа придонесе и за модернизација на постоечките и формирање на нови одгледувалишта на пчели во радовишкиот регион - додава Башоглу.
Ефектот од проектот е зголемувањето на целокупното производство на мед во земјава.
- Во рамките на проектот бесплатно беа поделени 2 илјади сандаци на пчели, повеќе од 1.400 пчелни семејства, средства за производство на на матици, лекови против пчелни болести, литература, како и друга опрема за пчеларење, потсетува Башоглу. Тој нагласува дека со овие мерки драстично се подобрил и социјалниот и економскиот статус на земјоделците-пчелари во радовишкиот регион, каде што се реализирал овој проект.

Една од целите на проектот, појаснува Јашари, беше да се обезбеди развој на руралните средини на источниот дел од земјава. Во рамките на овие активности формирано е и здружение на пчелари кое работи на уште поголем развој на пчеларството во регионот, но и во земјава. Во проектот се вклучени 86 семејства на кои драстично им се подобри социјалниот статус.
Пчеларите со стручна помош се занимаваат и со производство на матици, млеч, прополис, полен и мед.

Експертите велат дека развојот на пчеларството е значајна земјоделска гранка, бидејќи со неговиот просперитет се поттикнуваат и други сродни гранки да се движат по нагорна линија, а тоа води генерално и кон намалување на невработеноста.
- Во услови кога во природата исчезнуваат многу животински и растителни видови, пред се заради глобалното затоплување и промената на климата, развојот на пчеларството дава позитивен придонес кон создавање на еколошки баланс во природната средина, предупредуваат експертите. Тие напомнуваат дека во сите средини каде што се реализирал овој проект, видливо е проширување на флората, а дава и голем придонес во природното осеменување на овошките и зеленчукот.

Во Македонија во моментов има околу 10.000 производители на мед со околу 100.000 пчелни семејства. Според статистичките податоци потрошувачката на мед по глава на жител на годишно ниво е само 200 грама. За споредба со други параметри, секој Македонец на годишно пие околу 5 килограми кафе.

Валентина МАРЈАНОВИЌ

Превземено од  страницата на Вечер

 

 
Коментари (1)
1 Петок, 17 Декември 2010 18:22
JosipKrstik@yhoo.com
Kako do proekti za razvoj na pcelarstvoto?
yvComment v.1.19.3