НАССП (Hayard Analises Critical Control Points.) Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Правна регулатива
Четврток, 08 Јануари 2009 18:34
    Потребата од постојана и континуирана едукација на пчеларите е неопходна и поради новите законски стандарди, прописи и регулативи. Тие се  наметнуваат како неопходни и задолжителни а пред се имаат за цел да ги заштитат потрошувачите од производи штетни или опасни по нивното здравје, поради тоа што содржат недозволени количини на штетни матери и неоргански супстанци, тешки метали или карценогени супстанци.
Се наметнува потреба од примена на НАССП (Hayard Analises Critical Control Points.) системот кој претставува систем за производство на безбедна храна.
 
Што е ХАЦЦП стандардот?
ХАЦЦП е логичен, научно заснован систем на контрола на процесите за производство и дистрибуција на
прехрамбени производи , кои овозможуваат :
1. Идентификација и проценка на сите можни опасности , т.е. на секои физички , хемиски или микробиолошки
опасности , во сите фази од процесот на производство на прехрамбените производи.
2. Одредување на нивни превентивни мерки и контрола.
3. Одредување на тие мерки да бидат успешно спроведувани на практичен начин.
ХАЦЦП системот се состои од две основни компоненти.
• ХА (Хазард Аналѕсис) преставува анализа на ризици, односно идентификација на опасности во секоја фаза од
производството на храна и проценка на значајноста на тие опасности по здравјето на лудѓето.
• ЦЦП (критични контролни точки) преставуваат фази во производството во кој може да се спречат или
елиминираат ризиците по безбедноста на храната или неговото влијание на свеста на прифатливо ниво , како и
вршење на нивна контрола.
ХАЦЦП системот е прилагоден на сите видови на прехрамбени производи и сите фази на производство и
ракување - од фарма до трпеза .
Кои гранки на прехрамбената индустрија имаат потреба од ХАЦЦП ?
• Производство , преработувачка и пакување;
• Складирање , транспорт и дистрибуција;
• Припрема и дистрибуција на храна за потребите на болници, детски установи, хотели, ресторани, авионски и
други компании;
• Трговија- малопродажба и угостителство;
• Органска прехрамбена индустрија.
Зошто се применува ХАЦЦП?
ХАЦЦП има големо значење за производителите на храна во однос на потрошувачите .Со негово
имплементрање се обезбедува производство и промет на здравствено безбедна храна . Неговата примена е
широко распространета во развиениот свет , додека во ЕУ е и со закон обврзувачка (Цоунцил Дирецтиве 93/43/ЕЕЦ).
Крајната цел на ХАЦЦП е производство на што е можно по безбеден производ со примена на што е можно
побезбеден производ.
Тоа значи дека примената на ХАЦЦП не обезбедува секогаш 100% сигурност за корисниците,меѓутоа може да
значи дека претпријатието произведува храна на најдобар и најбезбеден можен начин .
Во светот снабдувањето на потрошувачите со безбедни и висококвалитетни прехрамбени производи е се
позначајно, поради тоа увозниците од земјите на ЕУ и другите развиени земји (САД, Јапан, и др.) бараат
безбедноста на храната, од нива и фарма па се до завршно пакување , да биде во согласност со строгите
хигиенски правила.
Секој поединец кој поседува , управува или работи во производство на храна во ЕУ , спрема одредбите од
Директивата, мора да воведе систем за безбедност ХАЦЦП. Оваа директива ги обврзува увозниците да
увезуваат исклучиво прехрамбени производи со висок квалитет и голема безбедност, меѓутоа и да бараат
стални подобрувања на производството во земјите на потекло.
Досегашната пракса покажува дека претпријатијата од ЕУ кои работат со прехрамбени производи постанаа
значително поселективни во работењето со добавувачи од земји вон ЕУ, барајќи од нив стриктна примена на
ХАЦЦП во земјата на потекло . Во однос на пазарот, производителите и увозниците на прехрамбени производи
од земјите вон ЕУ кои сакаат да пласираат свои производи на заедничкиот ЕУ пазар, мораат во своите работни
активности да вклучат и процедури врзани за безбедност на храна и воведат ХАЦЦП систем во своите
претпријатија.
Во некои случаи за одржување на работните ангажмани потребно е да се задоволат и додатни хигиенски барања
за поедини врсти на производи, како што се месо, млеко и млечни производи, Покрај тоа , претпријатијата од ЕУ и
другите индустријализирани земји кои се занимаваат со храна нема да купуваат ни суровини од други држави во
колку не им се обезбеди сигурност дека производот добиен со преработка во нивната фабрика ќе е безбеден за
човечка употреба. Секоја суровина или преработка за која само да се посомнева дека е инфицирана или
Паге 2
контаминирана нема да биде прифатена. Поради сето ова наведено , постои многу изразена потреба за
воведување на ХАЦЦП систем и во нашата прехрамбена индустрија.
Предности и предуслови за успешна примена
Грижата за здравјето во современиот свет постанала императив бр.1. Се е поголем бројот на загадувања и
загадени материјали, меѓутоа и ризикот од болести предизвикани од проблеми во производството на храна-
примена на нови технологии, изменети животни стилови и се помала отпорност на луѓето. Предности на
примената од овој систем се:
• Редуцирање на појавата на болести предизвикани од храна;
• Обезбедува снабдување на луѓето со здравствено безбедни прехрамбени производи;
• Овозможува исполнување на барањата од законската регулатива и ефикасен инспекциски надзор;
• Овозможува поефикасено и поефективено работење на прехрамбените претпријатија;
• Зголемува конкурентност на претпријатието на светскиот парзар;
• Ги отстранува бариерите на интернационалната трговија;
• Овозможува ефикасно воведување на нови технологии и производи;
• Го зголемува профитот.
ХАЦЦП не е независен програм , туку е дел од поголем систем на контрола, кој вклучува и спроведување на
универзални процедури кои се применуваат за контрола на општите услови и околината на производството и
допринесуваат за безбедноста на производот.Програми кои треба да се усвојат , имплементираат и
документираат се ГМП- добра производна пракса, СОП-стандардни оперативни процедури и ССОП- стандардни
оперативни процедури за хигиена.
ХАЦЦП е систем на управување во кој безбедноста на храната се разгледува низ анализа и контрола на
биолошки хемиски и физички опасности од влезните суровини, ракување, производство, дистрибуција и
конзумирања од крајните потрошувачи. За успешна имплементација на ХАЦЦП планот , менаџерот мора да биде
силно приврзан кон ХАЦЦП концептот.
Успехот на ХАЦЦП системот зависи од образованието и обуката на вработените. Многу е важно вработените да
разберат што е и како функционира овој систем , а потоа да научат вештини кои им се потребни за успешно
извршување на работите и соодветните процедури и работни упатства кои содржат опис на работата која треба
да биде извршена .
Примената на ХАЦЦП не е лимитирана само на големи производни претпријатија и комбинати , туку ефикасно
може да се воведе и во средни и мали претпријатија , задруги, хотели,и ресторани каде безбедноста на храната е
од критична важност.
Системот ХАЦЦП се заснова на следниве принципи:
√ Анализа на потенцијални ризици
√ идентификација на критични контролни точки (ЦЦП)
√ Одредување на критични граници за секоја ЦЦП
√ Воспоставување на мониторинг систем за секоја ЦЦП
√ Утврдување на корективни мерки за резултати над критичните граници
√ Воспоставување на процедура за проверка на системот.
И во Република Македонија е донесен закон за безбедност на храната кој ги обврзува производителите и трговците во производството и прометот да го применуваат системот за проценка на опасностите и критичните контролни точки за да се осигура безбедноста на храната.
Целта на овој систем е:
Да се зголеми конкурентноста на прехрамбените производи(во случајот Медот)  на внатрешниот и надворешниот пазар
Да се зголеми довербата на купувачите на мед и други пчелини производи.
Да се подобри здравствениот статус на популацијата(медот се користи, како лек и за подобрување на здарвствената состојба кај младата и постарата популација)
Да се намали процентот на губитоци и расипување на храната(медот поради хидроскопноста може да впива влага и други штетни материи да укисне и т.н.)
Поефикасна институционална контрола на квалитетот на медот и другите пчелини производи.
Подобрување на интернационалниот пазар на мед и другите пчелини производи.
 
Коментари (2)
2 Недела, 10 Јануари 2010 14:03
Ефто Ѓурчиноски
До колку не почне да се врши контрола на храната а посебно,за нас интересно,медот,ќе цвета производството на сурогат медови,а ќе опаѓа производството на чист мед.Пазарите во државата се полни со квази пчелари кои го продаваат медот по 120 до 150 денари.Квалитетот никој не го проверува.До кога ќе го трујат народот.Пчеларите преку своите здруженија треба да го дигнат гласот.Како што читам во Србија тоа успешно се прави.За жал во Македонија пчеларите се дезорганизирани и не се во состојба да покренат поголема акција.
1 Понеделник, 10 Август 2009 10:03
Паланчански
Некој треба да го испитува медот на процентот на сахароза. Со свои очи имам видено како „пчелар“ носи пчели на паша и купува 1000 килограми шеќер. Лесно му е после да го продава „медот“ по пониска цена.
yvComment v.1.19.3