Клима - Поплави Печати
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Климатски промени
Понеделник, 06 Април 2009 18:33

Поплави се случуваат  претежно во пролетните месеци,кога по обилните врнежи од снег Доага до зголемување  на  температурите над 200 Ц. и најчесто е пропратено со јужен ветер и врнежи. Само Шар Планина има снежна покривка која достигнува и до два метра дебелина  и наглото топење на снегот предизвикува зголемување на нивото на реките и нивно излевање.

Регулиранањето на  речните корита и чистењето на одводните канали ‚ќе ги намали опасностите од поплави со што ќе се намалат и  штетите од нив. Најчесто страдат посевите ,радоградинарските култури,пластениците. Поплавите треба да се имаат во предвид кога се избира локација за пчеларникот,тој треба да се постави надвор од областите каде се можни излевања на реките, ерозии на земјиштето прдизвикано од поплавите и сл. Доколку пчеларник биде зафатен од поплава може да биде целосно уништен.
27/03/2009 година Стручњаците прдупредуваат дека температурите до 21 целзиусов степен , кои се очекуваат ,можат да го стопат снегот од планините за еден до два дена.Наглото топење на снегот и полнењето на реките може да доведе до поплави.

03/04/2009 Излеани реки и поплави во Македонија

Мегутоа и есенските дождови можат да предизвикаат поплави.

10/11/2009 Регистрирани се поплави на територијата на Македонија поради обилните врнежи кои 06/11/2009 до 10/11/2009  непрестано пагаа.Како причина за излевањето на некои реки се посочуваат и затрупаните одводни канали со губре и смет.

Меѓутоа овие врнежи се добредојдени за подобрување на хидролошката состојба во Македонија. Обилни врнежи паднаа и во Кратово и кратовско па сметаме дека позитивно ќе се одразат на медоносната флора во пролета 2010.

 Пеце Стефановски        А1 телевизија
14.02.2010 16:18
 
 Пелагониското поле деновиве е претворено во вистинско езеро, бидејќи над 5.000 ха плодни ниви се целосно поплавени, поради натрупаните со наноси речни корита и неисчистени одводни канали. Надојдените води, ги зафатија и околните села, а најдраматично е во битолско Егри, каде што водите надојдоа во куќите, дворовите и шталите.

Се излева Охридското езеро
Нина Кепеска     A1 Телевизија
18.02.2010 14:57
 
 Водостојот на Охридското Езеро и натаму расте. Неговото ниво е 12 сантиметри над максимално дозволената точка.

Причина за тоа се 20-те милиони метри кубни дожд, што реките во сливот и подземните води во Македонија и Албанија, деновиве придонесоа приливот на вода да е далеку поголем од одливот.

Според хидрометеоролозите состојбата не е критична. Во општините Охрид и Струга пак алармираат, државата што стопанисува со езерото да се ангажира повеќе, да не дојде до поплави и поголеми штети.