Клима -Промени на климата Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Климатски промени
Четврток, 07 Мај 2009 22:25
Последните десетина години се повеќе ги чуствуваме промените во климата како последица на глобалното затоплување како резулат на неконтролираното испуштање на гасови во атмосверата.
    Прогнозите за последиците од промената на климата во наредните 15 години воопшто не се поволни.
   Се очекуваат големи  невремиња и бури , но и големи поплави и заладувања  поради прекинување на голската струја, што би се случило со намалувањето на соленоста на океаните поради големиот прилив на слатка вода од стопените санти  и дотекувањето на реките . Со цел да се ублажат последиците од оваа не така оптимистичка иднина  190 земји од светот од 28 ноеври до 9 декеври 2005 година  се состанаа во Монтреал, Канада на самитот на ОН и дебатираат како да ја прошират борбата против глобалното затоплување.
   Екологистите пак предупредуваат дека во блиска иднина доколку не се превземат радикални мерки за зачувување на животната средина голем број видови од растителениот  и животинскиот свет ќе исчезнат . Овие промени во климата овозможат разни  мутации на одредени бактерии и вируси кои ќе бидат уште една голама закана за здравјето на животните и човекот.
Ова сигурно дека ќе се одрази  и на климата на балканот и во Македонија како и на пчелините заедници и медоносната флора  .
-промени во климатските услови веќе може да се почувствува, сувата  и долга есен, продолжена  и студена зима, ниски температури посебно во пролетните месеци април, мај и јуни   што условува задоцнета вегетација, а наглото затоплување доведува до едновремено цутење на најголемиот дел од пчелината паша најчесто проследено со големи осцилации на температурата и нерамномерни врнежи. Поради тоа активниот медобер при стационирано пчеларење во одредени години не е подолг од 2 до 3 недели што многу неповолно се одразува на приносите и развојот на пчелината заедница.
   Во пролетниот период се забележуваат и големи  температурни разлики во текот на едно деноноќје, кои во текот на денот се искачуваат и до 280 С. а ноќните температури се 1 или 30С под нулата. Ова може катастрофално да се одрази на медоберот најчесто на пашите од багрем и липа кои се многу осетливи на температурните промени. Освен тоа многу негативно влијае врз развојот на пчелината заедница во која може да дојде до оладување на леглото  поради потребата пчелината заедница да формира клубе ,што предизвикува појава на болести *ноземоза ,кречно легло, преладено легло, европска трулеж ,па дури и америчка трулеж.
За да се ублажат последиците од ваквите екстремни промени во природата најважно е да се внимава на технологијата на пчеларењето и основните принципи во пчеларството, добра локација на пчеларникот која не е изложена на студените ветрови и загадената средина , да се одгледуваат исклучиво здрави и силни пчелини семејства кои имаат доволно квалитетна храна, мед и полен и малади матици, семејствата да  бидат добро затоплени и со соодветна вентилација. Превентивно треба да се обезбедат сите услови за успешно пчеларење.
 
Коментари (2)
2 Недела, 24 Мај 2009 08:36
Администратор
Александар иако багремот обилно цутеше,недоволната влажност на воздухот, јакото сонце со висок коефициент на УВ зрачењето од 8 и постојаното северозападно ветерче,го намали периодот на цутење на багремот на 8 дена а интензитетот на медењето во последните денови значајно се намали.Се случи токму она за што пишувавме се цветаше во исто време а немаше доволно дождови,па пчелите нагло се повлекуваат,што значи дека се намалува пашата.Провери го плодиштето да нема матичници и нагон за роење што е малку веројатно.
1 Сабота, 23 Мај 2009 21:02
Aleksandar
pred 5 dena staviv tret medisen nastavak dodeka traese bagremovata pasa denes koga gi otvoriv gledam deka pcelite se simnale nadole vo tretiot nastavak skoro nemase pceli sto se slucuva.
yvComment v.1.19.3