Клима - температура Печати
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Климатски промени
Петок, 02 Јануари 2009 20:44

Фактори кои влијаат на технологијата на пчеларењето

Клима,фенолошки календар, пчеларникот, пчелината заедница, пчеларската опрема и пчеларот.

Клима - Tемпература Климата е важна и специфична физичко-географска  карактеристика на одредено подрачје. Од климата поточно од метеоролошко-килиматските елементи и појави ,како што се:

температурата,врнежите,ветровите,влажноста,сончевиот сјај ,облачноста и појавата на магла во голема мера зависат процесите на создавање на почвите, полноводноста на реките, богатството и разновидноста на растителниот и животинскиот свет на одделни подрачја .

Температурата на воздухот и почвата е еден од значајните метеоролошко - климатските елементи. Тие имаат едно од пресудните влијанија во пчеларството и медоберот.
Кога температурите се екстремно ниски потребно е затоплување на пчелината заедница.
Влианието на мразните денови на пчелината задница се негативни и доколку се долготрајни можат значително да ги оштетат појаките пчелини заедници, додека слабите заедници можат да изумрат.
Кога зборуваме за температурата треба да ја споменеме инверзијата на температурата. Таа настанува тогаш кога студениот воздух од планините, како потежок се спушта во котлините и од нив го потиснува топлиот воздух на планините. Не ретко се случува ваквиот студен воздух да се задржи подолго време во котлините. Ова предизвикува екстремно ниски температури но може да се формираат и густи магли - сињаци. При инверзијата околните планини можат да бидат огреани од сонцето и исполнети со топлина.
Без поволна  температура нема нормален развој на растенијата и медната флора. Температурата битно влијае кога  ќе цутат медоносните билки со кој интензитет и во кој временски интервал како и колку нектар ќе лачат.     Температурните осцилации се една од најголемите закани за медењето како и за нормалниот развој на пчелината заедница Некои медоносни растенија бараат оптимални температури на почвата и воздухот за лачење на нектар. Оптималните температури за лачење на нектар кај нас би биле  од 20 до 30 Ц.

 


Во Република Македонија средната годишна температура на воздухот изнесува 11,50Ц. Најтопол месец е јули со просечна температура на воздухот од 22,20Ц. (кога температурите се екстремно високи  неопходно е засенување на пчеларникот )



Пчеларник с.Филиповци 07/2008 во сенка од багреми.

Максималните температури (на сонце) 08/2008 се движеа и над  420С.

Најстуден месец е Јануари со просечна температура од 0,30Ц. Средната годишна температура на воздухот се намалува од југ кон север (од Гевгелија  14,50Ц, Демиркапија 140Ц,Велес 13,30Ц, до 12,40Ц во Скопје). Оваа разлика на температурата е последица на влијанието на топлата медитеранска клима. Гевгелија и Демир Капија се најблиску до медитеранот и затоа имаат највисоки температурни вредности, додека сите други градови се понасевер и имаат пониски температурни вредности. Затоа и овие терени се изворедно поволни за пчеларење.) Значајно е да се спомене дека температурните вредности се намалуваат и зависно од надморската височина и тоа 0,390С просечно на 100 м височина.

Во Полошката котлина просечната годишна температура е 11,30С а во мавровската котлина изнесува околу 7,30С. Мразните денови во годината кога температурите се под нулата се најмалку во Охрид и Дојран  околу 32 дена додека Лазарополе има дури 134 мразни денови Температурните инверзи се забележуваат често па така во Тетово е постудено од колку на Попова Шапка , во Битола е постудено отколку на Пелистер а разликата на температурата може да биде и повеќе од 20 до 300Ц.(ова треба да го имаме во предвид особено при локација на пчеларниците во ниските планински подножја или котлините.)      Интересно е да се напомене дека во последните 50 години највисока температуре е забележана на Демир Капија од +44,5оС, а најниската во Берово 0д -31,5оС. (ова зборува за температурна амплитуда од 76оЦ . Вакви големи осцилации  не се поволни за развојот на пчелината заедница.)

 
Коментари (3)
3 Четврток, 23 Октомври 2014 14:06
Ma4ika
Kako klimatskite elementi vlijaat vrz stopanstvoto
2 Среда, 08 Декември 2010 16:37
josipkrstik@yahoo.com.
sto treba da se prevzeme kaj pcelite poradi visoki temperaturi vo mesecov.?
1 Недела, 15 Ноември 2009 11:06
mi4i
Najdete za vlijanijata na klimata vrz stopanstvoto vo Makedonija
yvComment v.1.19.3