Детелина Печати
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Медоносни лековити растенија и Фенолошки календар
Петок, 15 Мај 2009 21:20

Детелина
Детелината е повекегодишна билка.Постојат повеке видови и подвидови Најпознати се црвената (Trifolium pretense L.)и белата детелина( Trifolium repens L.).Се сее за производство на сточна храна но нивни подвидови слободно никнуваат и се среќаваат по ливадите ,особено кога има доволно врнежи во пролет и лето.

Значајна е за пчеларството ,меѓутоа кога е многу бујна цветовите се предлабоки за да можат пчелите да дојдат до нектарот во неа.Затоа вториот откос е многу позначаен за медоносноста  на оваа билка.Медот е безбоен прозирен и многу вкусен и се смета за еден од најквалитетните .2009 година имаше доволно влага поради снеговите и дождовите кои паднаа во март меѓутоа прголемото УВ зрачење од сонцето и постојаниот ветер на терените на Кратовска општина ја исушија земјата и доведоа до истовремено цветање на багремацот, глогот, детелината, багремот...А пчелите немаа доволно леталици да го прифатат нектарот...