Багрем Печати
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Медоносни лековити растенија и Фенолошки календар
Петок, 15 Мај 2009 22:14

Багрем ( Robinia pseudoacacija L.)

Багремот не е пробирлив во однос на теренот . Се среќава скоро секаде во шуми но и поединечни стебла покрај меѓите и ливадите.Вообичаено цвета во првата половина на Мај мегутоа може да цвета и подоцна. За пчеларството има огромно значање ,иако бара топли ноќи и топли и тихи денови , висока влажност на воздухот без ветер.

Бидејки багремот цвета во почетокот на Мај најчесто пчелините семејства не се доволно развиени за да го искористат целосно .

15/05/2009 с.Филиповци Кратово

Мегуто не ретко токму во периодот на цутењето на багремот имаме дожливи денови заладувања и ветер па медеоберот е сосема мал или едноставно оди на развој на пчелините семејства.Има години кога сите услови се задоволени а пчелините семејстава се доволно равиени во такви услови може да се добие и до 50 килограми багремов мед.Медот доколку е само од нектар од багремот е бел и густ ,содржи повеке овошен отколку гроздов шекер и затоа не се кристализира подолг период. Се смета за полесен мед и најчесто го бараат за деца и постари лица.15/05/2009 постојано дуваше југоисточен ветер.

Се среќава во цела Европа.

Лековити својства-  Се користи цветот,, багремовата кората е отровна, затоа не треба да се користи како лек. Токсичност доаѓа од Робин toksalbumina

Цвет се користи како чај (5/ 100) за искашлувбање и против настинка. Листот (5/ 100) предизвикуваат посилни жолчните секрет. ..