Слезови |
Значајни теми - Медоносни лековити растенија и Фенолошки календар | |||
Вторник, 26 Мај 2009 19:51 | |||
Слезови (malvaceae) слезовите се зељасти или дрвенасти билки со различни листови и цветови.Најзначајни се Белиот и Црниот слез. Лековити својства: Во стариот век, корениот на белиот слез е високо ценет. Чајот од белиот слез има корисен ефект на кашлица, бронхитис и пнеумонија. Се препорачува како лек за астма и бронхитис првичната белодробната туберкулоза, болно уринирање или тешкотии при задржување на урината. Тој, исто така, е корисен во третманот на болести на целиот дигестивен тракт , особено воспаление на дебелото црево (колит), со дијареа, повраќање кај доенчиња и други. Кога се меша со други лековити растенија се користат во третман на другиболести.Денес сепак ретко се користи чајот од белиот слез. Обично се корист само за чаеви при кашлица. Кога пообилно меди најчесто е измешан со нектар од други ливадски билки. Медот е со бела и прозирна боја. Црниот слез (malva silvestris) е едногоднишна или повекегодишна билка која има полегнати стебленца и достигнува околу 80 цм.висина. Има округли листови. Цветовите се со двојна чашка а цветните листови имаат 3 до 5 долги линии. Бојата на цветовите зависи од врстата на слезот а се движи од плавкаста до розово црвена. Расте на влажни ливади и покрај реки и други влажни терени. Доколку го има на големи површини значајна е за пчеларството бидејки дава и полен и нектар. Меди на сончево и топло време кое изобилува со висока влажност на воздухот.Медот е безбоен но најчесто е помешан со други ливадски билки. Лековити делови од билката пред сè се лисјата, цветот. Понекогаш се собираат корените и семиња. Цветовите се собираат, кога цветот е целосно отворен,се сушат во сенката.
|