Драка Печати
Ниво на корисникот: / 20
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Медоносни лековити растенија и Фенолошки календар
Понеделник, 01 Јуни 2009 19:15

Драка палиурус (аустралис) спина цхристи е грмушка што расте на каменјари и има округли мазни листови. Достигнува 3 до 4 метри висина.Цвета во почетокот на јуни околу 10 дена .

Цветовите се ситни во гроздови со светло жолта боја а кога се поволни временските прилики изобилно медат. Поради тоа што цветовите на драката се плитки , изложени се на секоја најмала промена, така што топлите суви ветрови можат да го запрат медењето. Во топли и спарни денови без ветер изобилно меди и може да даде добри приноси.Медот од драката е жолт но брзо кристализира во крупни кристали и се вбројува во послабите врсти на мед.

Расте скоро на секакви терени.

Како лековити се собираат дозреаните плодовите  - мали кругови"Колачињата" со пречник 2-3 см, кои дозрејуваат во август.

Лековити својства : Драката е одамна познат како антисептик како средство кое успешно се користи при дијареја, дизентерија , воспаление на дебелото црево и во третманот на нервни и ревматични болести ..