Формирање нови пчелини семејства Печати
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Пчелино семејство
Четврток, 19 Март 2009 23:24

Формирање нови пчелини семејства споени со оплодник


Кога формираме нови пчелини семејства кои се споени со оплодник се имаме под контрола:
Kолку рамки ќе имаат новоформирание пчелини семејства ,кои залихи на мед и полен ќе има во него ,каков е квалитетот на  младата селектирана матица и т.н.

Најпрвин треба да се формираат оплодниците. Се формираат во еден десетрамен ЛР сандук со еден рам полен со затворено легло од кое се ведат млади пчели и два рама со мед и полен. До нив се става лесонитна преграда .

Рамот со легло се става во средината.Во оплодниците се додаваат по два зрели матичника.  Оплодниците се носат на пчеларник кој е лоциран од 4-6 километри подалеку од локацијата на пчеларникот на кој се формирани оплодниците. Со ваквата постапка пчелите леталки остануваат во оплодникот и веднаш почнуваат со носење полен и нектар.На новата локација   ќе се оплодат и младите селектирани матици што е добро и поради избегнување на спарување  во сродство. Откако ќе се излежат матиците ќе се оплодат и ќе почнат да  несат се  проверува нивниот квалитет (треба да носат во концентрични кругови ) се формираат новите пчелини семејства.

Во добро припремен ЛР сандук  ставаме рамки и тоа две со мед и полен две со легло кое се веде (ова е многу важно) и еден со затворено легло а до нив лесонитна преграда . Рамките треба да бидат полни со млади пчели. Вака припремените нови пчелини семејства кои во моментот се без матица  ги носиме на локацијата каде се поставени оплодниците. Се остава десетина минути да се смири  се прска со домашна ракија. Се отвара оплодникот и тој се попрскува со ракија . Над оплодникот се става мрежа со предно лето а над мрежата се става новоформираното пчелино семејство кое ќе може непречено да комуницира со природата. По 24 часа едноставно ја тргаме мрежата и оставаме пчелите да се спојат .По два три дена сите рамки ги ставаме во еден сандук додавајки две  сатни основи меѓу рамките со легло и медните рамки.Доколку пашата продолжи со ист интензитет на вака формираните пчелини семејства  може да се додаде уште еден спрат и да се добијат силни семејства  кои добро ќе презимат а идната сезона ќе бидат водечки во приносот.