BBC |
Значајни теми - Болести кај пчелините | |||
Сабота, 24 Април 2010 13:13 | |||
Нештата стануваат сериозни во земјоделството посебно во опрашуванјето на растенијата и овошките и фуражните култури во САД, а тука се и слични извештаи од поголем број земји во Европа. Тажната мистеријата околу исчезнувасњето на медоносната пчела - која е витална компонента во земјоделството - почнува да ги загрижува дури и највисоките слоеви на политичката елита во Вашингтон а неоддамна и во Европа!. Пчеларите треба да го искористат овој момент за да ги актуелизираат состојбите во пчеларството воопшто."Има многу конгресмени кои сакаат да знаат што се случува со пчеларството и медоносните пчели.,,Да се надеваме дека и нашите пратеници ќе се заинтересираат за состојбите со медоносните пчели во Македонија и тоа сериозно ќе го сватат. Затоа што и синдромот е сериозен а тоа е така наречениот - ББЦ синдром . Треба да се направи стратегија за заштита од овој синдром пред тој со целата жестина да се манифестира и во Македонија! ,,- коментар од преведувачот. Синдромот има невидено брз ефект. Во текот на една недела мнозинството од пчели во погодената колонија ќе избегаат од кошница и исчезнуваат, ќе отидат да умрат на друго место. Во кошниците остануваат мал број на медоносни пчели кои се енормно заболени - тие имаат "огромно патогено оптоварување", велат научниците. Но, зошто? Никој уште не знае. ... болеста покажа сосема нов сет на симптоми ", која изгледа дека не одговара на нешто што е познато во литературата", изјавуваат ентомолозите. Испитувањата на неколку пчели внатре во заболената kошница носеа "огромен број на патогени организми, носеа пет или шест вируси, како и габични инфекции . Поради тоа се претпоставува дека имунолошкиот систем на пчелите "беше потиснат на некој начин. Уште нема конкретни докази за тоа што убива милиони и милијарди пчели ширум светот, но постојат многу нагаѓања. Постојат многу теории што како и колку влијае за појавата на овој опасен синдром, но г-дин Хацкенберг силно се сомнева дека новите врсти на никотин базирани пестициди се виновни.
"Ова се случува бидејки медоносна пчела стана жртва на овие инсектициди, кои се наменети за други штетници", рече тој. "Ако ние на оваа појава не реагираме вистински брзо, ќе имаме вистински проблеми при снабдувањето со храна."
|