Родна Воја |
Значајни теми - Пчеларска опрема | |
Сабота, 06 Февруари 2010 17:12 | |
Бидејки немам искуство во работа со ова кошница а по барање на мислење на наш посетител ја отворивме темата за начинот на пчеларење со ,,Родна Воја,, Поради тоа преведовме коментар за ова кошница од познатиот Дејан Крецулј.(Сепак за сите оние кои сакаат да да експериментираат можат едноставно тоа да го сторат со медиштата од ДБ кошницата и истите да ги вкрстуваат)- Лично мислење на Администраторот!Во продолжение преводот на коментарот на Крецулј! „Родна Воја“ „Родна Воја“ Малку наши пчелари се запознаени ,макар во основни црти,со новиот тип на кошница ,,Родна Воја,, чиј создавач е Воја Брстина од Ново Милошево. Од неодамна, корисниците на интернет можат да се запознаат со Еко тимот,кој го сочинуваат Драгутин Ајдиновиќ кој е поврзан со конструкторот Брстина , создадоа заедничка фирма ,,ВДЗ Еко кошница-Родна Воја ,,. Со мислата дека на пчелите треба да им се врати нивниот природен живот , тие успеале да ја конструираат ,патентираат и направат кошницата ,,Еко Кошница,, и Родна Воја,,. ,,Еко косница,, Дејан Крецулј
|
Друго кошницата со помали наставоци се вика ЕКО ВОЈА а другата (постатата сестра) се вика РОДНА ВОЈА.
На Родна воја која е составена од 4 исти наставоци димензиите(надворешни) изнесуваат 412мм x 412мм x 200mm Плодиштето го сочинуваат 2 такви тела со вкрстени рамки. Значи се добива КОЦКА.