На пчеларникот во Август Печати
Ниво на корисникот: / 13
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски календар
Четврток, 30 Јули 2009 21:39


Август е месец со кој почнува пчеларската сезона.
Малку невообичано!   
Всушност август е првиот месец од периодот (Август, Септеври ,Октоври) кога пчелината заедница полека почнува да се припрема за зимување.

Но зависно од тоа како пчелината заедница ќе се зазими, така таа ќе зимува, така ќе се развива во пролет, и такви приноси ќе даде во екот на својот развојот.
Токму поради тоа август се смета за почеток на пчеларската сезона.

Затоа работите на пчеларникот во овој месец се од исклучително значење бидејки од ниовното навремено и квалитетно извршување зависи успехот на пчеларењето во целата пчеларска година.

 

Треба да знаме дека за добро и правилно зазимување е потребно да се исполнети пет основни услови:
-силна и здрава пчелина заедница
-млада селектирана квалитетна матица
-доволно квалитетна залиха на храна (мед и полен) и нејзино правилно разместување во кошницата
-квалитетно и исправно саќе
-правилна вентилација и затоплување
Всушност во периодот од овие три месеци сите работи на пчеларникот се насочени кон исполнување на овие услови.
Клима
Август е топол и сув месец но во фтората полвина може да дојде до нагли заладувања проследени со краткотрајни дождови.
Утринските  тмпературите се движат во просек од 14-180Ц а дневните од 25-30 степени.

Температурите во 2010 година од 10 до 15 Август се движеа над 35 степен Ц.Максималните температури го надминаа и 42 степен.Вакви топлотни бранови не се поволни за пчелините заедници.Треба задожително да се превземат мерки за разладуванје на кошниците и нивно засенуванје.
Фенологија
Медоносни треви и растенија има уште и во поволни години изобилно медат. Не е за потценување и медликата и шумскиот мед. Но обично на крај од овој месец медот веќе е центрифугиран а медиштата складирани за наредната сезона.

Пчелина заедница се повеќе го стеснува просторот  за залегување а матицата го намалува интензитетот на лежење јајца.
Се повеќе мед во вид на меден венец го опкружуваат леглото формирајки го просторот во кој пчелината заедница ќе зимува.

Пчеларот
Една од најважните работи во август е деталниот преглед на пчелините заедници
Значењто на деталниот преглед на пчелините заедници е дотолку поголем доколку се согледаат сите фактори  за добро и правилно зазимување кои ги наброивме. Врз основа на тие сознанија превземеме  активности за обезбедување на тие фактори.
Во утринските часови околу 8-11часот кога пчелите собирачки се на паша ја отвораме пчелината заедница.
Многу бргу ги пребројуваме улиците со пчели утврдуваји ја јачината на заедницата .Една ДБ кошница со полни 13 улишта пчели укажува на добро развиена пчелина заедниаца.
Потоа ги вадиме последните рамови до зидовите на кошницата за да ја утврдиме состојбата и кавалитетот на пчелината храна како и нејзината разместеност во кошницата.  Рамките треба да бидат полни со мед и целосно заклопени. Рамките веднаш до нив треба исто така да бидат полни со квалитетен багремов или мед од раната пролетна паша но и со полен од разноврсни растенија кој исто така е целосно заклопен.Наредните рамки треба да се полни со полен и со мали кругови на легло .А средните 6 рама треба да се полни две третини со легло а останатиот горен дел со дебел венец од мед и полен.
Доколку нема храна во кошницата потребно е прихранување за формирање на залихи и тоа треба да биде интензивно и обилно.Но не редко во овој месец има потреба и од стимулативно прихранување на пчелината заедница поради форсирање на матицата да залежи пет до седум рамки со легло како би се обезбедиле 30 до 35 000 млади пчели за зимување.
Во исто време треба да се обрне внимание на староста и исправноста на келиите на сатините на кои ќе се најде пролетното легло и доколку тие се неправилно изградени или престари треба да се извадат а на нивно место се вметнат правилно изградени сатини во кои има изведено барем две генерации пчели ,во спротивно доколку се работи за нележани сатини матицата во есен нема да ги залежува бидејки бара постари и потопли сатини.
Матицата требе да биде витална и произведена во најлош случај во претходната година. Леглото треба да биде хомегено без шаренило или прескокнати ќелии.
Доколку се примети шаренило во леглото добро треба да се проверат затворените келии бидејки шареното легло во најголем број случаи упатува на некоја болест на леглото. Доколку нема симптоми од ниедна пчелина болест матицата задолжително треба да се замени со млада селектирана матица која е тестирана и утврдено е дека истата залежува во концентрични кругови и дава хомогено легло(легло без празни ќелии).
При прегледот треба добро да се загледуваат пчелите на кои во одредени случаи може да се забележи присуство на вароа.
Исто така и деталнот преглед на отпадот на подницата под мрежата може да укаже на степенот на заразеноста со варозата,но и со кречно легло.
Секако дека сите согледувања треба да ги прибележиме во дневникот и да го одредиме понатамошното наше делување за санација на слабите и средните пчелини заедници, како и заедниците со стри матици и лошо саќе.
Слабите заедници треба да се спојат и да се формираат средно јаки или јаки пчелини заедници.Во нив секогаш ја оставаме помладата матица а заедницата ја прихрануваме доколку нема доволно мед.
Доклку  кај слабите пчелини заедници се утврди некоја од Пчелините болести најдобро е пчелината заедница да се уништи така што пчелите и сатините ќе се спалат а сандуците прописно ќе се дезинфецираат. Доколку има заболени појаки заедници зависно од болеста ги преземаме вообичаните мерки на лечење.
За болестите кај пчелите постои соодветна литература и прирачници во кои е опишан начинот на откривање дијагностицирање и лечење со опис на препаратите за лечење на пчелините болест и начинот на нивна употреба.
Секако дека за ова област од пчеларството треба да пишуваат ветеринари или луѓе кои специјализирале за пчелини болести и тоа е неспорно , затоа што навистина ова е област од пчеларството во која експериментирањето значи општа катастрофа со последици од огромни размери.
Најчесто се работи за недоволна информираност на пчеларите околу некои болести , поточно околу нивните предизвикуачи. Тоа можат да бидат рикеции, вируси, бактерии и паразити. Затоа пчеларот за да ја свати сериозно опасноста од америчката гнилеж , треба да  знае што е тоа бактерија а што нејзина спора .
Во овој контекс би можело да се истакне дека  од болестите на пчелите никогаш неможеме да се ослободиме, коко и од сите други болести, но можеме со селекција и превентива да ја зголемиме отпорноста на пчелите на болестите и на тој начин да ги намалиме загубите на пчелините семејства и загубирте во приносот.
Едно треба на сите пчелари да ни биде јасно.Нема експерименти во лечење на болестите посебно на заразните болести од бактриолошко потекло, а пред се американскиот, европскиот гнилец. Кон лечење на овие болести задолжително треба да се почитуваат пропишаните законски  мерки а тоа е спалување на целокупнот извор на жариштето и негово внимателно  зтрупување во соодветно ископани јами.
Кога пчелина заедница е уништена од вароа најчесто и варота е уништена со пчелиното семејство и таа повеќе не е присутна во кошницата. Но кога пчелиното семејство е уништено од американски гнилец (Бациллус ларвае) неговата спора останува во кошницата и е потенцијален заразен материјал преку 30 години .
Лекувањето на кречното легло, кај кое предизвикувач на болеста  е габа (Асцоспхеро апис) и дезинфекција на сатините е исто така дискутабилно. Секако овде не се спалува се но дезинфекцијата на кошниците и рамките е задолжително а саќето мора да се замени.

 

Задимувањето со амитраз е една од  методите  за лечење на пчелиното семејство во случај на голем степен на заразеност од вароа деструктор  и тоа по упатство на производителот на лекот.Често при употреба на лековите за вароата се пропорачува нивна промена поради процесот на резистенција но тоа незначи промена на името на лекот,туку на неговата активна супстанца.

Во поново време се употрбуваат и стапчиња натопени со флувалинат кој делува на вароаата.Начинот на употреба е пропишан од производителот.Меѓутоа употребата на флувалинатот брзо создва резистенција кај варота и терапијата често треба да се менува. Овие лекови во денес се исфрлуваат од употреба а актуелно е користењето на киселините као мравјата,оксалната киселина .Тие бараат одредени надворешни температури при користењето и тоа многу внимателно треба да се спроведува а пчеларот да се заштити со ракавици и соодветна маска.
(Опасноста од грабеж и негово спречување се за грабежот и негово санирање.)
Не заборавете посветете им големо внимание на пчелите во овој месец а тие ќе ве изненадат со обилни приноси во годината што доѓа.

 
Коментари (2)
2 Недела, 09 Август 2009 13:14
Администратор
Доколку се зазимува пчелина заедница во ЛР кошница најдобро е да се зазими на два спрата доколку двата спрата се полни со пчели мед и полен.Во случај доколку само фториот и третиот спрат се полни со пчели а се одзма медот од третиот спрат тогаш првиот празен спрат се отстранува а пчелина заедница се зазимува на еден спрат. Треба да се внимава во него да има доволно мед и полен и добро затворени медни венци.
1 Недела, 09 Август 2009 13:09
Администратор
Deneska vadev med izvadiv samo od tretite spratovi vo drugite dva sprata nadolu ima pcela vo vtoriot ima i leglo i venci med a vo prviot nema nisto ramkite se potpolno prazni sto da napravam i kako e podobro da se zazimat na eden ili na dva sprata.
yvComment v.1.19.3