На пчеларникот во Април Печати
Ниво на корисникот: / 15
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски календар
Понеделник, 30 Март 2009 17:14

Април е последниот месец од периодот во кој пчелината заедница e во фаза на развој.Во  Април пчелината заедница треба да е потполно развиена и спремна да ги прифати медиштата и да ја искористи главната паша.

Април е пролетен месец кога овошките обилно цутат.Можеби ова е вистински момент да ја споменеме и огромната улога на пчелите во опрашувањето на овошките со што приносите во овошни плодови се зголемува и до 12 пати.

Интересно е да се спомене дека цветовите на крушата лачат амински мирис,поради што пчелите помалку ги посетуваат, со дресура на пчелите пред интензивното цветање на крушите,приносите кај овие овошки се зголемуваат дури од 10-14 пати. Некои согледувања покажуваат дека  се доволни 3-4 кошници поставени на растојание од 100-200 метри за добро да опрашат еде нa хектар со јаболки кои се од диплоидна сорта.

Температурите Во месец Април се стабилизираат и  просечно се движат од 16-22 0С.Климатските услови и развојот на природата создаваат поволни услови за развој на пчелината заедница која во овој месец бара интензивно 1/прихранување за да се овозможи оптимален развој. Прихранувањето во Април доколку во природата нема доволно цветен прав дозволува додавање на беланчевинеста храна во шекерно медните погачи или шекерниот сируп.Најчесто тоа е превриен пивски или лебен квасец,но неретко се додава несолена урда или обезмастено млеко.Трба да се напомене дека има многу рецепти за подготвување на ваква храна но наједноставен рецептот  е следниот,
“ На два литра вода два кг шекер 1 пакување сув пекарски квасец  (терба да се попари со врела вода)или деактивиран пивски квасец  и сето ова загреано до температура на вриење. Ова се дава по пола литар дневно на кошница.” Сепак додавањето на беланчевини од животинсо потело е дискутабилно и  се препорачува доколку се додаваат беланчевини од ваков вид тоа да се прави крајно внимателно .

Кошниците  во април интезивно се полнат со легло и пчели.
Една од првите задачи на пчеларот е 2/проширување на пчелиното гнездо.
Од што зависи проширувањето на пчелиното гнездото?
Доколку се работи за заедници кои во март се стеснати на онолку рамки колку што зафаќале пчелите и биле добро затоплени ,тие веќе во првата декада од април се масовно исполнети,  се чувствува  преполнетост од пчели а претпоследната рамка ја припремаат за залежување, ова е вистински момент да се 3/додадат нови сатини.Сатовите можат да бидат изградени ,а уште подобро да имаат поклопен меден венец, кој делумно може да се отклопи ,со што се интензивира прихраната а испразнетите келии матицата веднаш ги залежува.
Изградениот сат или сатната основа се додава помегу рамката на која има легло и рамката со цветен прашок.По два три дена се  проверува дали рамката е изградена и залежана и доклку е исполнета со јајца се става нов рам на спротивната страна од леглото.Ваквото проширување на леглото во поволни години може да обезбеди и до 10 рамки легло во ДБ кшниците.
Во јаките ЛР кошници развојот се забрзува со преместување на спратовите.
И тоа горниот спрат се става долу а долниот полупразен спрат се става горе.Сега пчелината заедница интензивно го пренесува медот во горното тело ,матицата преоѓа во горниот спрат и интензивно го залежува. Треба да ја имаме во предвид исправноста на саќето во долниот спрат кој сега се наоѓа горе и кој е многу потопол а матицата може да залеже и до 16 рамки со легло.
Во Април е актуелно и искористувањето на внатрешните залики со храна кои во некои заедници можат да бидат и пречка за интензивен развој.Најчесто користена метода е метода на отклопување на медните поклопци во површинод 10 цм2 на рамките полни со мед ,ова во практиката дава добри резултати ,а комбинирано со свртување на секоја фтора рамка за 1800 развојот значително може да се забрза.
Кога се работи за форсираниот развој на пчелината заедница и проширувањето на гнездото треба да се нагласи дека предвременото проширување на гнездото може мошне штетно да се одрази на развојот на пчелината заедница.Затоа треба да се имаат во обзир сите фактори кои влијаат на пчелината заедница и нејзиниот развој а тоа се
-времрнските услови,
-залихите на храна
- јачина на пчелината заедница,
-пашните услови
-температурните колебања и т.н.
4/Во пчелините семејства треба да имаме млади селектирани матици.Сите пчелините семејства што заостануваат во развојот треба 5/добро да се проверат на пчелините болести , матиците да се заменат ,слабите заедници да се спојат или да се засилат со некои од технолошките методи кои посебно се познати при користењена ЛР кошниците.Методот на двојни друштва е исто така метода која во април има голема улога во развојот на пчелината заедница.Најпрвин се менуваат местата на двете заедници со што се постигнува нивно изедначување.Потоа се додават медиштата и одземат леталиците од горното друштво.Така се постигнува силно пчелино друштво со оптомален број на леталици кои се спремни да ја искористат главната паша.
Всушност се  што се прави во Април е  со цел да се обезбедат многу силни пчелини заедници кои ќе бидат спремни да го искористат багремот во мај.
Сите пчелини заедници треба да се доведат во продуктивна состојба и во овој месец несмее да се чуваат слаби заедници или заедници со стари и лоши матици.
Заедниците пак кои се интензивно зафатени со некоја од пчелините болести треба да се ликвидираат останатите пчели да се спалат а сандуците и приборот да се дезинфицира.
На пчеларникот во Април  треба да има само силни и здрави пчелини заедници.
При крајот на месецот треба да се престане со користење на било какви лекови а стапчињата на база на флувалинат треба да се остранат од кошниците.
Април е месец во кој во некои години има значајни заладувања.Во вакви случаи иако пчелините заедници се силни и студот многу неможе да им наштети сепак заради одржување на континуитет во развојот кошниците треба добро да се  затоплат а прихраната со топол шекерен сируп да се интензивира.
Во овој месец се прават и плановите за производство на матици а пчелините заедници кои ќе учествуваат во производствениот циклус треба интензивно да се подготвуваат.
И покрај постојано споменување на интензивниот развој сепак треба да се има во предвид и можноста за создавање на роевското расположение кај пчелите и доколку се забележи тежнение кон роење треба да се преземат сите потребни мерки за негово спречување.
Манипулирањето со телата на ЛР кошницата може во значителна мера да го спречи роевскиот нагон.Обично се работи за навремена промена на местата на ЛР спратовите.
Штом убавото време се стабилизира,во ЛР кошницата треба да се преместат спратовите и тоа горниот спрат,во кој е леглото и поголемиот дел од храната го ставаме на местото на долниот(на подницата),а долниот спрат го поставуваме на место на горениот.
Да сублимираме
За да не дојде до застој во користење на медоносните билки и во зајакнувањето на пчелините заедници,главна задача на пчеларот во овој месец е  што повнимателно да  го прати развојот на пчелините заедници.Неопходно е благовремено да се прошири и да се преуреди пчелиното гнездото,да се изедначат пчелините семејства,а ако се јави потреба ,пчелите да се прихранат .

 

Специфичности за периодот на развој на пчелината заедница Фебруари -Март-Април   2009

Оваа година временските прилики небеа наклоните на пчелините семејства. Сушниот период и високите температури во август и септеври минатата година не дозволи да се обезбедат доволен број млади пчели за зимскиот период поради што поголемиот дел на пчелините заедници остана релативно слби. Во зимските месеци потрошувачката на храна беше релативно зголемена поради многу променливото време со големи осцилации на температурата. Јануари , фебруари и март беа претежно студени и снежни поради што воопшто неможеше да се извршат деталните прегледи и да се направат потребните интервенции.Пчелина паша воото немаше ,а раното цутење на леската не дозволи иоскористување на поленовиот прашок за развој на леглото кај пчелините семејства. После обилните врнежи од снег (над 30 цм. )кој падна на денот на пролетта 21.03.2009 времето беше студено пропратено со силен ветер што го оневозможуваше пролетниот развој на пчелините семејства,кои ѓи трошеа залихите на мед и полен.  Додавањето на медните погачи беше отежнато поради студеното време и ветерот. Затоплувањето на крајот на март 28/03/2009 да се надеваме дека ќе продолжи во Април каде поголемиот дел од работите во март ќе мора сега да се направат, ова зборува за големото влијание на климата врз технологијата на пчеларењето а пред се на пчеларскиот календар.
Уште цвета дренот,овошките само што не расцветале , а се забележуваат и цветови од раноцветните ливадски билки. Доколку релативно високите температури (дневните околу 20 0 целзиусови) се задржат подолг период може да се очекува обилна нектарна и поленова паша која слабите пчелини заедници нама да успеат да ја искориста во целост но ќе биде добредојдана за брзиот пролетен развој .
Ги очекуваме вашите коментари .

 
Коментари (1)
1 Среда, 01 Април 2009 22:51
никола
Оваа година мартот беше многу студен месец со големи промени на тепмпературата од зимски до пролетни[nekolku dena] и развојот на пчелите беше многу слаб и истите само презимуваа па се надеваме дека април ке бите топол месец за да пчелите се развијат па во следните месеци да имаме принос - мед.За април мислам дека треба да важат советите кои вие ги напишавте за март односно априлот да биде месец за развој а пчеларот треба да го искористи секој ден максимално за присуство во пцеларникот.
yvComment v.1.19.3