На пчеларникот во јуни Печати
Ниво на корисникот: / 10
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски календар
Среда, 27 Мај 2009 21:55

На пчеларникот во Јуни
Јуни е вториот месец од периодот во кој пчелината заедница го достигнува максимумот во својот развој .Во овој месец во природата има најмногу цвет а условите за лачење нектар се оптимални,земјата е топла има доволно влага во воздухот а релативно топлите ноќи  со доста утринска роса и убавите сончеви денови без ветер условуваат билките изобилно да лачат нектар.Поленовиот прав го има во изобилство..

Во месец Јуни времето веќе се стабилизира и просечните температури се повисоки.Тие обично се движат од 18 до 24 степени. Мегутоа во последните години и во овој месец се чуствуваат големи колебања во температурата која може да се качи над 30-от степен а и да падне  под 10-от степен што може да доведе до ненадејно преќинување на медењето со изостанување на приносите но и со големи последици за опстанок на пчелините заедници.Ова се случи  97г. кога изобилното медење поради недостигот на влага ненадејно сосема преќина и веќе растенијата не замедија до карајот на сезоната.
Приносите изостана а пчелините заедници доколку не ги прихраневме ќе угинеа. 
Сепак во просек ноќните температури во јуни се околу 10 степени а дневните од 18-32 степени оптимални за билките да лачат нектар.
Врнежите(влагата во почвата) во почетокот на овој месец можат да бидат изобилни ,а по силните краткотрајни дождови, може да огрее топло јунско сонце и тоа се, во само еден ден.Значењето на врнежите во овој месец како и во претходните е од пресудно значење за медобрањето.
Врежите во овој месец можат да иамт локален карактер што треба да се има во предвид особено при селењео на заедниците.Треба да се знае и тоа дека јаките поројни дождови се штетни за медењето ако дојдат во време на цветањето.Исто така и преголемата влага во земјата не оди во прилог на лачење на нектар од растенијата.Ветровите не се пожелни во јуни бидејки го сушат цветот и нектарот и го убрзуваат прецветувањето.
Во Јуни цветаат ливадските треви но и липата,питомиот костен  и уште многу билки.
А животот на пчелата е тесно поврзан со животот на растенијата и цветањето,затоа што нивна основна храна е нектарот и поленот што тие го собираат од цветовите. Значи пчелите во јуни имаат изобилство на храна и во поволна година кај нив доага до појва на нагонот за размножување што е и природен нагон.
Пчелината зедница по багремовата паша веќе е во екот на својот развој и
продолжува интензивно да собира нектар и полен од расцветаните ливади и ги полнат медиштата.Интензивно гради нови сатини доколку претходно не поминала во роевска состојба.
Во заедниците пред роење(доколку не се изроила во мај) веќе има матичници пред затворање а матицата прекинала да несе јајца и ја намалила својата големина и тежина, спремајки се да излета со првиот рој.Во ваквата заедница речиси е невозможно да се спречи изројувањето а истата дава сосема мали приноси и доколку неконтролирано се изрои остануваме и без пчели и без мед..Пчеларник над 100 пчелини заедници во кој најголемиот број имаат  нагон за роење е надвор од контрола на пчеларот и загубите се големи.  Ете затоа постојано го потенцираме роењето како непожелно на пчеларникот.
Пчеларот во Јуни мора да  преземе низа активности за стабилизирање на состојбата на пчеларникот,инаку идната прилика нешто да поправи е после година дена.
Ако во мај правевме  се да добиеме многу јаки пчелини заедници  а кај нив да не дојде до роевско расположение.

Во јуни треба да сториме се пчелините заедници кои формирале роевски матичници да не се изројат.
Иако сите работи во мај беа насочени кон добивање високи приноси и спречување на нагонот за роење(размножување) сепак дел на заедниците од пчеларникот ќе формираат матичници и ќе тежнеат кон изројување.А доколку годината е поволна за роење како 95г. тој дел од пчеларникот би можел да биде  голем и да ве стави пред тешко решлив проблем.
Но секој проблем има ршение само бара многу повеќе работа знаење и доплнителни средства и опрема .
Да почнеме со ред.
-Најпрвин треба да утврдиме во кои заедници има матичници
Дека пчелината заедница има матичњаци може да не упати фактот дека заедницата забавува во интензитетот на собирањето на нектар ,медиштата се попразни од колку во нормалните зедници,на полеталката има многу неактивирани млади пчели или формирано таканаречени бради од млади пчели кои висат од полеталката  ,потешко ѓи прифаќаат додадените сатни основи и др.
Поточно секој а заедница која упатува на било каква разлика во однесувањето во однос на нормалните заедници треба детално да се прегледа.
Ќе се сложите дека треба големо искуство и познавање на пчелината заедница добро да се направи изборот на заедниците во кои ќе извршиме детален преглед.
Прегледот го правиме околу 8 часот наутро кога пчелите се на паша и во заедницата има малку пчели.Тогаш матичњаците подобро се забележуваат.
Доколу го одземате медиштето за центрифугирање ова е вистински момент да погледнете во плодиштето.
Доколку утврдиме присуство на роевски матичњаци треба да утврдиме во кој стадиум се наогаат и ако тие се пред затворање (уште не се затворени) а матицата уште несе јајца можеме да преземее одредени дејствија за спречување на роењето.-Едноставно можеме да ги уништиме сите започнати матичници одземајки го млечот од нив додавајки сатни основи за градење и проширувајки ја кошницата.
Доколку тие се заклопени а матицата  ја намалила големината и го запрела несењето тука неможеме многу да помогнеме ни останува да бидеме присутни на пчеларникот и го фатиме изроениот рој.
Но доколку пчелариме со двојни друштав во ЛР кошници сега е моментот да ја искористиме предноста на оваа технологија и со наједноставна манипулација да ја спречимее матицата да излезе со ројот.
Со одземањето на леталиците од заедницата која сака да се изрои едноставно матицата која е спремана да се рои неможе да излезе бидејки нема пчели леталици и таа едноставно ќе ги уништи матичниците и ќе продолжи да се размножува.
Доколку матичниците се заклопени и во позрел период веројатно е дека матицата нема да ја најдете таа излегла со ројот првенец.Треба да го спречиме понатамошното изројување.

Фаќање и сместување на природните роеви
Природното роење е глетка што лесно не се заборава. Едноставно како возбудата кај пчелите да поминува на пчеларот. Облакот кој се крева од изроената заеница се повеќе се згуснува од пчелите кои со голема брзина масовно излегуваат од летото на заедницата која се изројува но и од мноштво пчели од соседните заедници кои одат или се вараќаат од паша. И за само неколку минути во најголем број случаи на најблиското дрво до пчеларникот виси прекрасна црна брада околу која кружат мал број пчели тие контактираат со природата обично бараат место за сместување на заедницата.Доколку ројот не го собереме во Кошара тој за период од неколку минути до неколку часа може да се подигне и да одлета во непознат правец и повторно мир како ништо да не се случило единствено што кошницата остана без поголемиот дел од пчелите и старата матица .Големи количини од медот кои тие интезивно го земаат пред роењето исто така е изгубен.Во заедницата масовно излегуваат нови пчели и доколку погледаме во неа по неколку дена тешко ќе забележиме дали заедницата е изроена освен ако од неа не излегол и вториот рој.Вака изроена заедница тешко е да се врати во нормална состојба а за приноси од наредната паша не станува збор.Ова значи дека во овој месец треба да бидеме шро поприсутни на пчеларникот и спремни да ги собереме изроените пчели.
Во голем број случаи пчелите од ројот можеме да ги намамиме во чисто свежо припремена кошара добро протриена со маточина која во моментот на роење треба постојано да се трие и разнесува мирисот низ воздухот пчелите плека се помасовно влегуваат во кошарата а тоа го прави и матицата потоа можеме мирно да ја спуштиме на чиста подлога која исто така е измачкана со маточина . Во вечерните часови ројот може да сестресе во уредно припремената кошница со рамки и сатни основи,да се постави на местото каде постојано ќе стои и добро да се обележи или маркира летото посебно во случај  ако се работ за втор или трет рој во кој има млади неоплодени матици.

Формирање на вештачки роеви од заедници кои добиле нагон за роење.
Доколку пчелината заедница има матичњаци и е во предроевска состојба може да се искористи за добивање роеви. Најпрвин треба да се утврди староста на матичниците .Трба да се знае дека во најчест случај првиот рој излегува осмиот или деветиот ден откако матицата ќе ја залежи првата група на матичници поточно кага прва група матичници е затворена . Пет дена по залежувањето на првата група матицатичници таа ја залежува фтората група на матичници а после три дена третата група на матичници. Во мегувреме го намалува несењето бидејкие се помалку е хранета од пчелите, ја намалува тежината и големината, ја зголемува виталноста и веднаш потоа излетува со првиот рој. Доколку будно се следи пчелината заедница треба да се утврди кога матицата ќе ја залежи првата група на матичници.Рамките на кои се наогаат така започнатите матичници треба да се одбележат. Петиот ден од кошницата со матичната заедница ќе се извадат три рамки од кои една со мед , една со полен и една со покриено легло што се веде а со нив ќе се извади и старата матица во нуклеусот ќе се додадт две сатни основи..Вака припремениот нуклеус се разместува во пчеларникот.
Во матичната заедница се додаваат три сатни основи и останува на своето место.
Што се добива со ова манипулација?
Сите пчели леталки од формираниот нуклеус ќе се вратат во  исклужително јаката матична пчелина заедница, која сега е обезматичена, но со матичници кои ќе бидат затворени по три дена. Вака јаката заедница лесно ќе ги прифати новите сатни основи и ќе ангажира дел од младите пчели на изградба на сатните основи.
Матицата во трирамниот нуцлеус без леталки нема да може да се изрои. Брзо ќе го изгуби нагонот за роење и ќе почне со несењето.  
Десет дена од одземањето на матицата со трирамниот нуклеус до матичната заедница се стваат три припремени дезинфецирани сандуци..Во секоја од нив се става по три рама од кои еден со мед еден со полен и еден со зрело легло на кој има затворен матичњак пред излегување.Најдобро е вака фоемираните роеви да се однесат 5-6 километри подалеку од пчеларникот.На тој начин формираните росеви ќе ги зарджат своите леталки и веднаш ќе почнат со носење на полен и нектар. Матиците ќе излезат наредниот ден .По 4-5 дена ќе се оплодат и за 4-5 дена ќе почнат со несење. Во овој период доколку неама паша или истата е слаба роевите  треба да се прихранат .На роевите треба да им се додадат и по две сатни основи и да се продолжи со прихраната.На овој начин од една 12 рамна ДБ кошница сме добиле 5 петрамни нуклеуса кои доколку добро се прихранат и доволно рано се направени можат добро да зазимат.
Во матичната заедница остануваат три рама  и  матицата во неа несмее да има матичници.На секој од вака припремените роеви му се додава по една сатна основа и се разместуваат по пчеларникот. Ројот со старата матица се поместува од местото  на кое стоел а на тоа место се става сандук во кој има матичник. Летачките од ројот во кој се наога старата матица ќе се вратат Најчесто роевите треба извесно врема да се прихрануваат а на летата се става трева за извесен период леталиците да неможат да ги напуштат кошниците.Вквото формирање роеви не се препорачува од повеќе причини секао дека најзначајни од нив се: Расформирањето на продуктивна заедница за сметака на нуклеуси кои бараат дополнителна нега ,наследните особини на роевските матици кои го пренесуваат нагонот за роење на новоформираниот рој,можност од изладување на матичњаците и тн. Но во одредени моменти доколку се работи за ДБ кошница ова може да биде единствен начин да се спречи изројувањето.
Формирање на вештачќи роеви споени со оплодник
Кога формираме вештачки роеви кои се споени со оплодник се имаме под контрола:
колку рамќи ќе има ројот,кои залихи на мед и полен ќе има во него ,каков е квалитетот на  младата матица И т.н.
Најпрвин треба да се формираат оплодниците. Се формираат во еден десетрамен ЛР сандук со еден рам полн со затворено легло од кое се ведат млади пчели и два рама со мед и полен. До нив се става преградна даска .Во оплодниците се додаваат по два зрели матичника.  Оплодниците се носат на пчеларникот кој е лоциран од 4-6 километри подалеку од локацијата на пчеларникот каде се формират оплодниците. Откако ќе се излежат матиците ќе почнат да  несати ќе се провери нивниот квалитет (треба да носат во концентрични кругови ) се формираат вештачките роеви.
Во добро припремен ЛР сандук  ставаме рамки и тоа две со мед и полен две со легло кое се веде (ова е многу важно) и еден со затворено легло и се преградуваат со преградна даска . Рамките треба да бидат полни со млади пчели. Вака припремените роеви ги носиме на локацијата каде се поставени оплодниците. Се остава десетина минути да се смири  се прска со домашна ракија. Се отвара оплодникот и тој се попрскува со ракија . Над оплодникот се става мрежа со предно лето а над мрежата се става новоформираниот рој кој ќе може непречено да комуницира со природата. По 24 часа едноставно ја тргаме мрежата и оставаме пчелите да се спојат .По два три дена сите рамки ги ставаме во еден сандук додавајки две  сатни основи меѓу рамките со легло и медните рамки.Доколку пашата продолжи со ист интензитет на вака формираните роеви може да се додаде уште еден спрат и да се добијат силни заедници кои добро ќе презимат а идната сезона ќе бидат водечки во приносот.
Замена на старите матици во производните заедници со млади матици
Замената на старите матици во производните заедници со млади оплодени матици е постапка која зависи од тоа како ќе ја додадеме матицата без пчели во кафез или со пчели на мрежа.


Одржување на работното расположение кај пчелите
Работното расположение кај пчелите е основен предуслов  за добри приноси.
Негување на роевите  нуклеусите и оплодњаците
Новите роеви бараат посебна нега,прихрана ,додавање сатни основи и др.
Дресирање на пчелите на одредена паша
Со додавање на одредени цветови во шербетот и прихрана на друштвата со овој овој шербет.
Цедење на медот
Медиштата се полни со мед и треба да се исцентрифугираат ова е една од потешките и позначајните работи во Јуни.Овде од големо значење е опремата .Доколку имаме радијална центрифуга со афтоматски откалапачи цедењето на медот може да биде рутинска работа.Недостаток медишта како и слободен простор во нив може да ги преполови приносите посебно ако пашата е краткотрајна и интезивна.
Уништување на вароата
Сузбивањето на овој опасен паразит е актуелно во сите периоди од пчеларската година и тоа се сведува на континуирана планска хемиска и биолошка борба . Но сепак не случајно  уништувањето на вароата го спомнуваме во месец Јуни.Некои од пчеларите практикуваат и препорачуваат три големи хемиски третмани во овој месец наведувајќи го фактот дека во одреден период од јуни во пчелината заедница нема затворено легло или него го има сосема малку.Па тврдат дека во ваква состојба заедницата е погодна за третирање со некое од хемиските средства.Секако дека ова е дискутабилно и неприфатливо од повеќе причини,а пред се :
Медиштата кои интензивно се полнат со нектар неможат да бидат изолирани при третманот а секаков хемиски третман е строго забранет при присуство на медишта.
Секако дека полн третман со хемиска метода ќе остави Резуиди а знаеме дека секој третман треба да биде завршен најмалку 15 дена пред ставањето на медиштата.
Ако хемискиот третман е неоправдан и опасен биолошкиот третман е посебно значаен во месец јуни.
Рамка со трутовско легло кога во пчелината заедница нема многу залежани работнички келии е прав магнет за вароата. По поклупувањето рамот се вади а личенките се стресуваат, со нив испага и вароата .Личенките од трутовското легло се пасираат а беланчевините им се додават на заедниците во прихраната.И овде треба добро да се внимава имајки ја во предвид здравствената состојаба на заедниците.  
Селење на пчелинните заедници
Има една изрека “Медот на тркала раѓа” со што сите ќе се сложиме.Но воопшто не е лесно “еден пчеларник да се стави на тркала”за тоа е потребо да се исполнаат повеќе услови и тоа:
Пред се опремата треба да биде нова и прилагодена за селење со сиет поребни стегачи,  збегови, осигурачи, палети и тн.
Потребна е силна машка работна рака или соодветна механизација за утовар и истовар на пчелините заедници,
Терените на кој се сели треба да бидат прилагодени за поставување на пчеларникот
Да се направат испитувања за количеството врнежи но и за фенолошкиот состав на пашата и неговиот календар
Да се испита здравствената состојба на оближните пчеларници
Да се обезбеди ветеринарна дозвола за селење
Монтажна пчеларска куќичка за престој и центрифугирање и т.н.
Секако дека треба да се состави калкулација на трошоците и планираните приноси и да се види дали селењето се исплати.

 
Коментари (1)
1 Петок, 17 Јуни 2011 14:49
goran stojkov
dokolku pcelnata zaednica eprosirena pred 1o dena so nekolku satni osnovi a vo medisteto imas 8 ramki za med koj se podednakvo razmaknati na isto rastojanie taa pcela nikako nema da seizroi nego kesi sobira med roenjeto kaj nea e zavrsena prikazna
yvComment v.1.19.3