Состанок на ЗПГ Пчелар Кратово Печати
Ниво на корисникот: / 5
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски здруженија
Петок, 01 Мај 2009 10:52

На 29/04/2009 година во просториите на Центарот за подршка на невладиниот сектор во Кратово (Голема благодарност за нивната подршка и љубезност) пчеларското здружение ЗПГ Пчелар од Кратово  одржа состанок на кој се разгледаа повеќе прашања од интерес на здружението и развој на пчеларството во општина Кратово и пошироко.

Се разговараше до каде е стигнато со Иницијативата на www.pcelar.mk за планско пошумување со медоносни растенија. Списоците се во изготвување и очекуваме дека потписите ќе бидат соберени во првата половина на мај и истите ќе бидат доставени до сите релевантни институции.

Беше разговарано и за поднесување на барањето за субвенции 2009 кое треба да биде поднесено до 31/05/2009 год. Еден од документите што ги бараат е потврда од ветеринарна станица за бројот на семејствата. Остана отворено прашањето дали ќе треба да се плаќаат 40 денари по пчелино семејство на ветеринарните станици.

Имаше и мислења дека пријавувањето за субвенциите би требало да оди најпрвин преку активните пчеларски здруженија со што Пчеларските здруженија би ги опфатиле сите пчелари и би ја добиле вистинската улога која би требале да ја имаат во организација и помош на пчеларите и развој на пчеларството воопшто.

 
Коментари (1)
1 Сабота, 02 Мај 2009 16:15
Vasko
Razgovarano e so Ministerot, i receno ni e deka nema da se plakaat 40 den po pcelno semejstvo. Se plaka do kolku veterinarot vrsi pregled na pcelnite semejstva od bolest
yvComment v.1.19.3