Состанок на ЗПГ Пчелар Кратово |
Актуелно - Пчеларски здруженија | |
Петок, 01 Мај 2009 10:52 | |
На 29/04/2009 година во просториите на Центарот за подршка на невладиниот сектор во Кратово (Голема благодарност за нивната подршка и љубезност) пчеларското здружение ЗПГ Пчелар од Кратово одржа состанок на кој се разгледаа повеќе прашања од интерес на здружението и развој на пчеларството во општина Кратово и пошироко. Се разговараше до каде е стигнато со Иницијативата на www.pcelar.mk за планско пошумување со медоносни растенија. Списоците се во изготвување и очекуваме дека потписите ќе бидат соберени во првата половина на мај и истите ќе бидат доставени до сите релевантни институции. Беше разговарано и за поднесување на барањето за субвенции 2009 кое треба да биде поднесено до 31/05/2009 год. Еден од документите што ги бараат е потврда од ветеринарна станица за бројот на семејствата. Остана отворено прашањето дали ќе треба да се плаќаат 40 денари по пчелино семејство на ветеринарните станици. Имаше и мислења дека пријавувањето за субвенциите би требало да оди најпрвин преку активните пчеларски здруженија со што Пчеларските здруженија би ги опфатиле сите пчелари и би ја добиле вистинската улога која би требале да ја имаат во организација и помош на пчеларите и развој на пчеларството воопшто.
|