Здравјето и пчелите Печати
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчелите и здравјето
Недела, 18 Јануари 2009 21:43

Поимот здравје може да се дефинира како отсуство на болест,  како способност организмот да се справи со секојдневните активности, или  како физичка спремност и благосостојба. За секоја организам, здравје е стадиум на баланс во кој влезот и излезот на енергијата и материјата  е во рамнотежа.

Според СЗО (Светската Здравствена Организација) здравје е состојба на целосна физичка,психичка и соционална благосостојба, а не само отсуство на болест.

Меѓутоа денеска кога физичката активност е се помала , психичката оптеретеност се поголема а социјалната состојба се полоша тешко е да се одржи рамнотежата кај секој организам.

Болест е нарушување на рамнотежата на организмот, придружено со структурни и функционални измени во него.Предметот на медицината е настанувањето, развивањето, лечењето и профилактиката на болестите, секој дел од медицината изучува определен аспект на некоја група од болести.

 Меѓуто Професор Пјер Роаје смета дека  еден од крупните проблеми на современата медицин е појава на се поголем број болести предизвикани од лечење и лекови ,кои многу лекари секојдневно и рутински  ги препишуваат на пациентите.

Уште пред триесеина години Директорот на Медицинската служба во социјалното осигурување  на Франција професорот доктор Жак Шарл Сурнија ја издаде книгата ,,Расипничка медицина и исфабрикувани болни,,во која пишува дека француската медицина не само што е научна туку и дека се претворила во моќна индустрија. ,,Да ја земеме за пример автомобилската индустрија -вели Сурнија - за да функционира ,потребни се возачи,потребни се патишта,гориво,сообраќајна полиција и безброј други работи и услуги.Стотици илјади запослени живеат од афтомобилската индустрија.

Исто е со здравјето. За да се зачува здравјето медицината е принудена се повеќе да произведува ,а болни пациенти е тоа што таа произведува. Болниците неможат да работат без болни. Лекарите мора да имаат пациенти , а фармацеутските фабрики - купувачи на лековите,,.