За Лековите Печати
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчелите и здравјето
Вторник, 20 Јануари 2009 22:21

Лековите се супстанци или смеси од супстанци кои, кога се употребат во одредени количини  и под одредени услови ,служат за спречување, одстранување,олеснување,ублажавање,лечење и излекување од болеста или симптомите на болеста и штетните појави во човековиот или животинскиот организам.

Лековите денес  претставуват производ за кој по научен пат и постапка е утврдено дека се аплицира на луѓе или животни во одредена количина и на пропишан начин, може да се употребува заради откривање, лечење на болести или за други медицински цели.

Важно е да се напомене дека помеѓу лекот и отровот не постои јасна ограниченост, бидејќи секоја супстанција  во помала доза може да претставува лек, а во поголема доза отров. Кај многу супстанци малите дози можат да бидат поволни при лечењето на болеста, додека големи количини се токсични за организмот.

Живите организми во себе внесуваат храна која содржи метали, соли,шекери и т.н. но доклку во одреден организам недоволно се внесува некои од хранливите елементи може да дојде до заболување. Во тој случј внесувањето на тие супстанци во организмот ќе добијат карактер на лекови бидејки допринесуваат организмот да ја врати поранешната здрава состојба. Освен тоа за лекови се сметаат и супстанци кои можат да го спречат настанувањето на болеста па дури и да овозможат таа да се дијагностицира. Многу често ,покрај хемиските супстанци ,во лекови се вбројуваат и некои други производизводи за кои се мисли дека можат да послужат за спречување или лечење на болните состојби.