ПРИХРАНА НА ПЧЕЛИНИТЕ ЗАЕДНИЦИ Печати
Напишано од Администратор   
Среда, 03 Декември 2014 15:12

Прихрана на пчелините заедници

 

Во пчеларската литература многу често среќаваме препораки за формирање на многу јаки пчелини заедници со преку 60-70 000 пчели за да можат целосно да ја искористат пчелината паша.

 

 

Меѓутоа не треба да се заборави фактот дека со желба да добиеме така силни пчелини семејства честопати пристапуваме кон вештачка стимулативна прихрана најчесто со шеќерен сируп или шекерна погача во који додаваме додатоци богати со беланчевени ,како замена за природниот пчелин мед и полен.

Со тоа ја нарушуваме природната рамнотежа помеѓу условите во природата (фенологијата) и старосната структура на пчелите и нивната бројност од една страна , и природата на самата пчела нејзиниот целокупен биолошки систем (од систем за варење активност на жлездите за лачење инвертаза ) и пореметување на сите останати функции на самата пчела и пчелиното семејство кое функционира како еденствен систем ,од друга страна.

Пчелината заедница се развива во зависност од условите во природата користејки ги своите извонредно развиени инстикти со кои долгорочно ги предвидува климатскте и пашните услови .Таа функционира во биоценозата во огромната меѓусебна зависност на климата и фенологијата.
Кога има обилно внесување на полен и нектар таа го зголемува соодветно на пашните услови и леглото создавајки оптимален број на домашни и пчели и пчели излетнички .На овој начин овозможува оптимално искористување на пашата и континуирано јако семејство .

Но доколку пчелиното семејство добива континуирано лажен внес на несоодветна храна како што е шеќерниот сируп и беланчевините како што се квасец ,млеко ,сурутка или други беланчевини тоа ќе се развива и ќе создаде структура на пчели која доколку изостане очекуваната нектарна паша ќе мора и понатаму да се прихранува.Тоа семејство ќе се истошти ќе ослабе и ќе угине. Тоа значи остануваме без пчелина заедница,без мед а сме направиле голем трошок за шекерните погачи , шекерниот сируп и беланчевинските додатоци.

Поради тоа треба да се биде многу внимателен при спроведувањето на било какви интервенции во пчелината заедница посебно кога се работи за прихраната на пчелината заедница која се спроведува како:

- стимулативна прихрана за форсирање на развојот.и

- прихраназа надополнување на залихите потребни за опстанок на пчелината заедница.

Неопходно е многу повеќе да ги следиме климатските условите , природата и инстиктите на пчелината заедница .

Посебно треба да ја следиме фенологијата на одредени пашни терени како и биологијата и физиологијата на  пчелината заедница и нејзиниот природен циклус на развој ,доколку сакаме да одгледуваме здрави и силни пчелини семејства , од кои ке добиваме соодветни приноси зависно од пашните и климатските услови на одредени пашни терени.

Многу помалку треба да се повикуваме на нашите лични субјективни убедувања колку интервенции треба да направиме во пчелината заедница и колку погачи и шекерен сируп треба да и дадеме на пчелината задница за да добиме поголеми приноси.

 

Последна промена на Понеделник, 18 Мај 2015 21:17