Пчелите во обредите и верувањата Печати
Напишано од А.Т.   
Сабота, 18 Април 2009 09:48

Честит Велигден , ден на воскресението Христово, еден од најзначајните Христијански празници во Македонија.Но Велигден е ден кога се вршат и велигденските обреди. А бојадисувањето на јајцата е еден од нив.

Јајцата се бојадисуваат црвено што значи победа на Исус над смрта и негово воскреснување.Токму поради тоа на јајцето кое се смета за извор на животот со бојадисувањето на Велигден му се дава надприродна моќ . Се верува дека бојадисаните јајца за Велигден имаат голема моќ, а посебно првото бојадисано јајце.Има обичај јајцето да се закопува во ниви,овоштарници, лозја за да има берикет.Меѓутоа има и обреди каде велигденските јајца се ставаат во сито и се принесуваат над пчелините кошници со верување дека на тој начин ќе им се даде моќ на здравје и бериќет и дека приносите во роеви и мед ќе бидат големи.

Како и да е да посакаме оваа 2010 да биде берикетна да ни донесе  полни медишта и нови роеви.

 

Последна промена на Понеделник, 19 Април 2010 20:19
 
Коментари (2)
2 Понеделник, 12 Април 2010 20:50
Администратор
Развојот на пчелината заедница зависи од условите во природата.Пред се од климата и фенологијата на медоносните растенија.Пчелиното семејство го развива леглото во зависност од овие фактори.Бидејки април е месец на интензивен развој на пчелините заедници во поволни години Во јаките заедници овој период има и до 8 до 10 полни рамки со легло во ЛР кошниците. Или 6 до 8 во ДБ кошниците.Оваа година неповолните ниски температури го успорија пролетниот развој.
1 Недела, 11 Април 2010 21:19
Aleksandar
moze li da mi odgovorite sega vo ovaj period kolku ramki leglo bi trebalo da ima edno normalno drustvo normalno deka site nemozat da bidat isto razvieni zboruvam za skopskiot reon.
yvComment v.1.19.3