Броење на пчелините семејства Печати
Напишано од Администратор   
Сабота, 15 Мај 2010 14:50

Броењето на пчелините семејства остана повторно да го вршат ветеринарните станици со надокнада од 30 денри за  изброено  семејство.Овие одлуки никаде не се објавени ниту пак е кажано кој ќе ги плати трошоците за превоз до пчеларникот и зошто се плаќаат ови 30 денари по изброено пчелино семејство.

Подрачните служи од Министерството за земјоделие бараат само потврда за изброени пчелини семејства.Тоа значи дека пак ќе има разлика во наплатата и плаќањето на превозот до пчеларникот.Каде е Сојузот на пчеларски здруженија да излезе со конечна информација за постапката при броењето на пчелините заедници.Бидејки имавме сосема поинакви информации од претседателот на сојузот!

 

Чекаме одговор!

Последна промена на Сабота, 29 Мај 2010 22:05
 
Коментари (2)
2 Недела, 16 Мај 2010 07:45
Васко-Бт
Ете колку важи договарањето со нашите институции. Денес договараш едно а веќе другиот ден дознаваш дека нема ништо од веќе договореното. И не е тоа случај само со пчеларите. Ние добро знаеме што се се правеше и се прави со млекарите, земјоделците (житото) и што уште не.
1 Недела, 16 Мај 2010 07:28
Васко-Бт
На почетокот беше договорено онака како што имаше јавено Марјанчо од Виница. На последниот состанок со министерот за земјоделие(на 5 Мај)на кој присуствуваше и директорот на агенцијата за развој, министерот рекол дека поради недоволен број на ветеринарни инспектори не ќе можат тие да бројат.Побарано било да помогне агенцијата за развој но и тоа отпаднало.На крајот било договорено пчеларите да даваат изјави, а вет. станици да ги издаваат потврдите.За цената на услугата не станало збор, па министерот ветил во најскоро време да не извести дали и колку ќе се плаќа.Но еве се уште ништо од известувањето.
yvComment v.1.19.3