Масовно умирање на пчелите Печати
Напишано од А.Т.   
Сабота, 17 Јануари 2009 20:56

 Европските парламентарци бараат од Европската комисија да вложи повеќе пари во истражувањата за причините на масовното умирање на пчелите.

Со парламентарците се сложила и Организацијата за заштита на пчелите. Едно е сигурно пчелите не можат да чекаат а ЕК ке мора брзо да реагира. Ова ги загрижи Европјаните затоа што пчелите освен што произведуваат мед исто така ги опрашуваат повеќето билки. Во Англија, за една година, популацијата на пчели паднала за 30 %, извести деновиве Здружението за заштита на пчелите.Ваква статистика е забележана и во Германија каде умирањето на пчелите, во некој делови од државата, е регистрирано со бројка од 80 %. Слична е состојбата и во Полска, Швајцарија и Шпанија. Во Италија бројот на пчелите се намалил за 50 отсто.

Но не само во Европа туку и во САД пчелите масовно умираат . Ова лани го пренесоа неколку американски новинарски агенции.
Според резултатите од истражувањата, во некој делови на Тексас бројот на пчелите опаднал за 70 %, додека во Калифорнија е забележан пад на популацијата на пчели од 30 до 60 отсто.

Последна промена на Вторник, 28 Август 2012 22:15