Паушалмо оданочување за земјоделците Печати
Напишано од Администратор   
Среда, 18 Декември 2013 22:08

18.12.2013


Соопштенија

Паушално оданочување за земјоделците - АПЛИКАЦИИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА


Сите што извшруваат земјоделска дејност, а во 2013 година не оствариле приход поголем од 1,3 милиони денари, ќе можат паушално да го плаќаат данокот на доход. Аплицирањето е до 31 декември.

Како што соопшти Управата за јавни приходи, паушалното оданочување може да се користи без разлика дали земјоделството на субјектите им е основна дејност или дополнително занимање. Притоа, тие немаат никакви дополнителни обврски за водење деловни книги.

Доколку не се регистрирани во УЈП како даночен обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, најдоцна до 31 декември 2013 година до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk треба да поднесат Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (образец “УЈП-РДО/З“) и Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“). Ако, пак, се веќе регистрирани во УЈП како обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, треба да поднесат само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).

Пријавата и барањето можете да се преземат од веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/pregled

Основа за пресметување на данокот е разликата меѓу остварениот вкупен приход (во приходот не се вклучени примените субвенции) и признатите трошоци.

Според УЈП, државата го стимулира земјоделството и оттука, за земјоделците кои ги исполнуваат условите за паушално оданочување се предвидени низа даночни поволности, целосно ослободување од плаќање данок на доход доколку приходот во 2013 година изнесува до 300.000 денари од вршење на основна земјоделска дејност, доколку остварените приходи од основна земјоделска дејност се над 300.000 денари до 1.300.000 денари, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 отсто од остварениот приход, односно ќе платите данок само на 20 проценти од остварените приходи.

Практично, ако во 2013 година се остварени 1.000.000 денари, годишниот персонален данок ќе изнесува 20.000 денари.

Доколку земјоделска дејност е дополнително занимање, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 отсто од остварениот приход, се плаќа данок само на 20 проценти од остварените приходи или практично, ако во 2013 година се остварени 200.000 денари, годишниот персонален данок ќе изнесува 4.000 денари.

Ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите кои ви ги доделила државата.

 

 

(МИА)

Последна промена на Четврток, 23 Октомври 2014 20:05