Македонија најдобра! Печати
Напишано од Администратор   
Недела, 12 Јули 2009 21:55

Виктор Тодоровски во Виена / Viktor Todorovski in ViennaГолеми честитки до програмерот на нашиот сајт (дипломираниот инжинер по информатика и постдипломец на студиите по Бизнис Информатика во Скопје, вработен во Комерцијална банка - Скопје) Виктор Тодоровски (22) за големиот успех што го постигна на меѓународниот натпревар BCC (Balkan Case Challenge) оддржан од 6 до 12 Јули во Виена, Австрија. Виктор Тодоровски е прогласен за НАЈДОБАР ICT (Information and Communication Technologies) консултант (прво место) .

Ова е висок успех за почит, имајќи во предвид дека на натпреварот учествуваа студенти и посдипломци од Македонија,Србија,Австрија, Молдавија, Бугарија, Словенија, Хрватска и уште 6 земји од Југоисточна Европа, со што покажа дека Македонија има млади таленти кои можат да достигнуваат високи резултати. Освен оваа високо признание, Виктор заедно со тричлениот тим со преставници од Молдавија и Србија освои високо 3 место од дванаесет тимови учесници на натпреварот во Виена.

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Уште еднаш да му посакаме уште поголеми успеси и брзо магистрирањe!

За нашите посетители неколку фотографии од Виенa!

Последна промена на Недела, 10 Јануари 2010 17:50
 
Коментари (2)
2 Понеделник, 20 Јули 2009 21:30
Ане
Големи честитки за постигнатиот успех.Ова е успех и за Македонија. Освоеното прво место мегу 140 учесници од 12 држави треба да се прослави .За жал во нашата Македонија најмалку се пишува и коментира за вакви настани, најмалку се стимулираат ваквите поединци кои се вистинските промотори на Македонија.Се надеваме дека конечно ќе сватиме каде се потенцијалите на нашата држава и ваквите победи барем достојно ќе ги одбележиме.Напред Виктор во нови победи!
1 Вторник, 14 Јули 2009 15:39
Катерина
Секоја чест за нашиот вреден и талентиран информатичар! Македонија треба да се гордее со вакви таленти, да инвестира во нив, бидејќи тие се иднината. Браво уште еднаш и многу поголеми успеси понатаму.
yvComment v.1.19.3