Субвенции во пчеларството 2010 Печати
Напишано од Администратор   
Недела, 28 Март 2010 22:17
VI. Пчеларство
2.17 Финансиска поддршка за регистрирано презимено пчелно семејство
Корисници
Корисници на оваа мерка се семејни земјоделски стопанства и правни лица кои поседуваат
минимум 35 презимени пчелни семејства.
Услови за користење на средствата
Финансиската подршка се исплаќа за оние фарми кои поседувааат минимум 35 презимени
пчелни семејства.
Финансиска поддршка
Висината на финансиската поддршка ќе изнесува 500,00 денари/пчелно семејство.
41
Упатство за корисниците
Потребни документи
Семејно земјоделско стопанство:
- Барање
- Фотокопија од лична карта
- Фотокопија од трансакциска сметка
- Потврда за број на презимени пчелни семејства
Правно лице:
- Барање
- Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар не постара од 6 месеци
- Фотокопија од трансакциска сметка
- Потврда за број на презимени пчелни семејства
2.18 Финансиска поддршка за набавка на матици
Корисници
Корисници на оваа мерка се семејни земјоделски стопанства и правни лица кои поседуваат
минимум 15 пчелни семејства – нуклеуси и имаат купено матици во 2010 година.
Услови за користење на средствата
Финансиската поддршка се исплаќа за оние пчелари кои поседуваат презимени пчелни
семејства и имаат купено најмногу 10 матици од регистрирано одгледувалиште на
репродуктивен пчелен материјал.
Финансиска поддршка
Висината на финансиската поддршка ќе изнесува 350,00 денари по набавена матица независно
од вредноста на набавката.
Потребни документи
Семејно земјоделско стопанство:
- Барање
- Фотокопија од лична карта
- Фотокопија од трансакциска сметка
- Потврда за број на презимени пчелни семејства
- Финансов документ за купени матици
- Транспортно уверение
- Уверение за здравствена состојба
Правно лице:
- Барање
- Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар не постара од 6 месеци
- Фотокопија од трансакциска сметка
42
Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година
- Потврда за број на презимени пчелни семејства
- Финансов документ за купени матици
- Транспортно уверение
- Уверение за здравствена состојба
2.19 Финансиска поддршка за подигање на нови површини под медоносна
флора (фацелија, еводија и багрем)
Корисници
Корисници на оваа мерка се семејни земјоделски стопанства и правни лица кои поседуваат 35
презимени пчелни семејства и имаат посеана или засадена површина со следните медоносни
растенија: фацелија, еводија или багрем.
Услови за користење на средствата
Финансиска поддршка се исплаќа за оние одгледувачи на пчели кои поседуваат минимум 35
презимени пчелни семејства и во 2010 година имаат посеана или засадена површина од
минимум 0,2ха со медоносни растенија.
Финансиска поддршка
Висината на финансиската поддршка изнесува 2.500,00 ден/ха и 8,00 ден/садница.
Потребни документи
Семејно земјоделско стопанство:
- Барање
- Фотокопија од лична карта
- Фотокопија од трансакциска сметка
- Доказ за поседување или располагање со земјоделско земјиште
- Потврда за број на презимени пчелни семејства
Правно лице:
- Барање
- Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар не постара од 6 месеци
- Фотокопија од трансакциска сметка
- Доказ за поседување или располагање со земјоделско земјиште
- Потврда за број на презимени пчелни семејства
Последна промена на Сабота, 29 Мај 2010 22:09