Пчеларски изложби и манифестации Печати
Напишано од Администратор   
Среда, 25 Август 2010 15:38

Измена на датумот за одржување на саемот во Белград ,,Ташмајдан  2010 ,,  ќе трае од 30.09.2010 до 3.10.2010 год.

Се надевам дека поминаа годишните одмори. Пчеларската сезона за оваа година помина ни останува само да ги зазимиме пчелите и да ја чекаме наредната година со надеж дека ке биде подобра од оваа. Време е за пчеларските изложби и манифестации.

-На 26.27.и 28 Август на градскиот плоштад во Берово ќе се одржи овојгодишната манифестација ,,Малешевијата на дланка,, Пчеларското здружение од Берово ,,Малешевска пчела,, ќе учествува со неколку штанда на кои покрај другото ќе има изложено и медоносни растенија. Оваа информација воедно е и покана за да ја посетите манифестацијата.

-На ден 04.09.2010 година во Битола Управниот одбор на Сојузот на пчеларски здруженија ќе го одржи својот прв состанок. На состанокот покрај другото ќе биде разгледана состојбата со пчеларството и пчеларските здруженија.
-При крајот на Септември во Скопје ќе се одржат Скопските денови на медот поконкретно ќе ве известам дополнително.
Поздрав

Известува

Марјанчо Дончев

Последна промена на Вторник, 28 Август 2012 22:15
 
Коментари (2)
2 Понеделник, 20 Септември 2010 14:56
Zoki
Zdravo sa da prasam koga e idealno vreme za sadenje na Esparzeta (Onobrychis viciaefolia).Fala odnapred pozz
1 Недела, 12 Септември 2010 19:37
Васко-Бт
Пчеларското здружение НЕКТАР-Битола организира посета на саемот ТАШМАЈДАН 2010.
Тргнување од Битола во 20.00h. на 01.10.2010г.
Враќање од Белград на 02.10. 2010 во попладневните часови.
Патувањето е организирано со комфорен автобус.
Цената на повратен билет чини :
1700 ден за членови на ПЗ НЕКТАР- Битола
1900 ден за членови на здруженија - членки на СПЗМ
2100 ден за останати.
Членовите на здруженија-членки на СПЗМ ќе треба да носат членска книшка или потврда од здружението со печат и потпис.
За подетални информации кај Милан Мрнзевски- Претседател на ПЗ НЕКТАР тел 075/540-834 begin_of_the_skype_highlighting              075/540-834      end_of_the_skype_highlighting.
yvComment v.1.19.3