Јануари 23/01/2011 Печати
Напишано од Ацо Тодоровски   
Недела, 23 Јануари 2011 13:54

За да не заборавиме дека зимата сеуште не е ниту на половина, падна  снежна покривка висока неколку сантиметри а прогнозите предвидуваат температури дури до 150 Ц под нулата.Во наредната недела се очекуваат и нови врнежи на снег и пониски температури што секако не е најповлно за пчелините семејтва.

23/01/2011 недела, пчеларник ,,Царина,,- Кратово

Меѓуто, заладувањето е во вистински момент поради тоа што ќе ги задржат растенијата во нивниот развој и нема да дојде до прерано расцутување на леската и дренот но и овошките  а на пчелите нема да им дозволи почеток и развој на пчелиното легло со кое тие само би се истрошиле.Поради преладување на леглото ке се избегнат и болести и изумирање на семејствата во рана пролет.

Многу пчелари во претходните сончеви денови ставија шекерни погачи. Вака раното стимулативно прихранување може само да направи штети отколку навистина да помогнe на пчелите во презимувањето.Меѓутоа доколку пчелините заедници немале воопшто мед и полен вакви погачи можат и да помогнат но доклку има релативно високи температури. При температури повеќе степени под нулата ваквите пчелини семејства се осудени на смрт и покрај додадените погачи.

Со стимулативното прихранување со шекерно медни погачи нетреба да се брза и тоа треба да се отпочне најрано во периодот кога во природата почнува цветањето на леската и дренот и има интензивен внес на полен во кошницата. Додека со цветањето на првите овошки и внес на нектар во кошницата може да се продолжи стимулативното прихранување со меден или шекерен сируп.

Трба да имаме во предвид дека фтората половина од зимата е покритична за пчелините семејства одколку првата.Треба добро да се затоплат пчелините семејства ,да се заштитат од ладните ветрови од глодарите и другите штетници од можни ранопролетни грабежи при повисоки ранопролетни температури. Да се внимава на составот и квалитетот на шекерномедните погачи шти им се додаваат,на нивната вискозност (поради можност истите да се растечат и го уништат пчелиното клубе).Трба да се обезбеди мир на пчеларникот без чести и поголеми вознемирувања на заедниците.

Да очекуваме дека оваа 2011 пчелините семејста добро ќе презимат и ке имаат брз пролетен развој.

Поздрав www.pcelar.mk

 

Последна промена на Вторник, 15 Февруари 2011 17:29
 
Коментари (2)
:)
2 Понеделник, 24 Јануари 2011 20:30
martin
dali treba da gi zastitam nekako sandacite bidejki sum mlad p4elar nemam dovolno znaejne ako znae nekoj neka mi kaze pozdrav
1 Недела, 23 Јануари 2011 22:44
Borce - Makedonski Brod
Apsolutno se soglasuvam so seto napred navedeno samo kako napomena bi dodal neodlozno i itno da se izvrsi povrsna kontrola uste prviot dobar den posle ovie zimski uslovi osobeno ako se somnevate vo kolicinata na hranata pa toa neka bide i na poniski temperaturi zasto nakraj pomalku ce bide toa stetno odkolku pcelnoto semejstvo da go izgubime za hrana ili nedovolno dobar raspored na istata.
yvComment v.1.19.3