Пчелиното семејство и неговата Организација Печати
Ниво на корисникот: / 40
НајлошоНајдобро 
Пчеларење - Почетници
Сабота, 06 Февруари 2010 12:43
Пчелиното семејство и неговата  Организација
Три видови на пчели кои вообичаено се наоѓаат во една колонија на медоносната пчела се: работничка, матица( кралица), и трут. (Фотографирал и обработил А.Т.)
Медоносните пчели се социјални инсекти, што значи дека тие живеат заедно во големи, добро организирани групи на семејството. Социјалните инсекти се високо развиени инсекти, кои се ангажираат во најразлични сложени задачи кои не ги извршуваат врстите на осамените инсекти. Комуникација, комплексното градење на  гнездото, контрола на животната средина, одбрана, како и поделбата на трудот се само некои од однесувањата кои на медоносните пчели им овозможува успешно да живеат во општествени колонии. Овие фасцинантни однесувања направија во целина социјални инсекти, а особено  медоносните пчели се помеѓу најголемите фасцинантни суштества на земјата.
 Колонијата на  медоносната пчела обично се состои од три видови на возрасните пчели: работнички, трутови, и матица (кралица) (Слика 1). Неколку илјади работнички во пчелиното гнездо соработуваат во изградбата, собирање храна, одгледување и потомство. Секоја работничка има задача да изврши активности, поврзани со нејзината возраст. Но преживувањето  и репродукцијата на целата колонија зависи од ангажирањето на сите нејзини членови. Индивидуално пчелите (работнички, трутови и матицата (кралицата) )не можат да преживеат без поддршка на колонија.
Помеѓу илјадници возрасни работнички, колонија нормално има една кралица и неколку стотини трутови во текот на пролетта и летото.
Општествената структура на колонијата се одржува од присуството на матицата и на работничките и зависи од ефикасноста на системот за комуникација. Дистрибуцијата на хемиски феромони (пхеромонес) меѓу членовите и комуникативни "ора" се одговорни  за контрола на активностите неопходни за опстанок на колонијата. Работните активности зависат пред се од возраста на пчелите, но се разликуваат со потребите на колонијата. Репродукцијата и јачината на колонијата зависи од матицата, количеството и залихата на храна, и големината на колонијата. Големината на колонијата вообичаено се зголемува до околу 60.000 работници, а од јачината зависи и ефикасноста на колонија.