Значајни теми -
Контрола на болести и штетници kaj пчелите
|
Сабота, 19 Декември 2009 11:06 |
Здравствената состојба на возрасните пчели матицата и трутовите е пресудна .Поточно многу е важно диагностицирањето на ноземозата што воопшто не е лесно и познавањето на постапките за отстранување на причините за појавата на болеста.
Не случајно се вели “превентивата е вистинскиот лек за секоја болест” и тука треба да ги бараме решенијата за одгледување здрави пчелини заеници. Ноземозата е пролетна болест на возрасните пчели предизвикувач е праживотинчето носема апис кое има облик на спора долга околу 6 микрона и која влегува во телото на пчелата преку храната.Во среднот црево спората пука а клицата влегува во цревната келија каде понатаму се размножува.Кога целата клетка се исполни со предизвикувачот на болеста таа повторн се претвара во спора и тој циклус трае 2-3 дена.Нападнатите клетки пропагаат а спората влегува во друга клетка .За десет дена скоро сите келии на средното црево се нападнати а во неговата шуплина можат да се соберат повеќе од 100 милиони спори кои се исврлаат заедно со изметот. Бидејки средното црево е заболено неможе да го преработи цветниот прашок. А исврелниот измет е благ другите пчели го внесуваат во својот организам и заразата брзо се шири.Треба да се знае дека спорите ос ноземата се доста отпорни и суви умираат на 0С0 за 120 дена.На температура од 18-20 Со 200 дена,на 30Со 60 дена 37Со за 20дена. На 65С0 една минута.Ова е важно посебно при дезинфекција на кошниците и приборот. Треба да бидат изложени на температури поголеми од 80 Со. Но од што зависи дали пчелините семејства ќе заболат од оваа опасна заразна болест . -од квалитетот на медот , поленот или шекерниот сируп -од бројната старост на пчелите во есен -од сместувањето и квалитетот на кошницата -начинот на зазимувањето -стресови и вознемирување на пчелите во зима -влага во кошницата -ниските температури -должината на периодот без можност пчелите да се прочистат Најголем број од наведените причини се под контрола на пчеларот а доколку тие се отстранат до болеста може да дојде но без големи последици за пчелиното семејство. Но доколку превентивата не сме ја спровеле и пчелината заедница е заболена од Ноземоза ,тогаш рамките со саќе во кое има легло а сатоношите се исфлекани со измет, треба со памук натопен со ексенција добро да се исчистат. Поклопната штица на која има измет треба добро да се исчисти може да се дезинфекцира со пламен од лет лампа или со ексенција. Останатите рамки кои можат да се извадат треба да се стават во добро затворен спрат над кои ќе се стави ексенција (оцетна киселина) и ке се остави два три дена под дејство на ексенцијата.После ова рамките треба добро да се очистат и можат да се вратат во заедницата. За лечење на возрасните пчели во пролетната шекерно медна погача треба да се додаде нозецид, погача која е доволна за едно семејство.
|