Пајаци на пчеларникот |
Значајни теми - Штетници и непријатели на п.с. |
Сабота, 08 Август 2009 19:22 |
Оваа година на пчеларникот во с.Филиповци,Кратово е забележано невообичаено присуство на пајаци кои на секоја кошница,пред или од страна на летата имаат изградено големи тунелски мрежи. Голем број пчели , кои се враќаат од паша завршуваат во овие мрежи. Пајаковите мрежи во голема мера ја отежнуваат работата на пчелината заедница. Во мрежите можат да се забележат пчели со поленов прав на нозете што значи дека пчелината заедница се среќава со уште еден штеточин кој влијае врз нејзиниот развој и одржување. Иако ова не се случува секоја година во ваков обем сепак е значајно да се спомене.
Во времето на цветањето на мајчината душица се забележани бели камуфлирани пајаци кои ловат пчели.Како и пајаци кои градат мрежи на поилата за пчели каде исто така можат да се видат заплеткани пчели.
Во години кога има многу пајаци слободно можеме да констатираме дека и тие се едни од штеточините кои иако не во голема мера, сепак негативно влијаат на развојот и работата на пчелината заедница. |
Имено до оваа година овој проблем го имавме само во Есен, но оваа година истиот се појавува усте на почетокот на месец Мај.
Има ли некаков начин за застита. Нивните зивеалишта не мозе целосно да се пронајдат и унистат, бидејци ги има и низ шумите а и во руинирани камен објекти.
Молам за совет и Благодарам. Медно.
Имам забележано жолти камуфлирани пајаци, кои ги ловат пчелите без мрежа. Можеби се истите, само ја менуваат бојата во зависност од бојата на цветот.