Пајаци на пчеларникот Печати
Напишано од администратор   
Сабота, 08 Август 2009 19:22

Оваа година на пчеларникот во с.Филиповци,Кратово е забележано невообичаено присуство на пајаци кои на секоја кошница,пред или од страна на летата имаат изградено големи тунелски мрежи. Голем број пчели , кои се враќаат од паша завршуваат во овие мрежи.

Пајаковите мрежи во голема мера ја отежнуваат работата  на пчелината заедница. Во мрежите можат да се забележат пчели со поленов прав на нозете што значи дека пчелината заедница се среќава со уште еден штеточин кој влијае врз нејзиниот развој и одржување. Иако ова не се случува секоја година во ваков обем сепак е значајно да се спомене.

 

Во времето на цветањето на мајчината душица се забележани бели камуфлирани пајаци кои ловат пчели.Како и пајаци кои градат мрежи на поилата за пчели каде исто така можат да се видат заплеткани пчели.

 

 

 

Во години кога има многу пајаци слободно можеме да констатираме дека и тие се едни од штеточините кои иако не во голема мера, сепак негативно влијаат на развојот и работата на пчелината заедница.

Последна промена на Среда, 15 Август 2018 19:30
 
Коментари (3)
3 Недела, 26 Јануари 2014 20:32
горги јованов
против стршлените битката е тешка. ЕВЕ еден начин. СЕ ЗЕМА ЛЕПАК ЗА ГЛУВЦИ И СЕ НАМАЧКУВА НА ПАРЧЕ ЛЕСОНИТ,КОЈ СЕ ОСТАВА ВО БЛИЗИНА НА ПЧЕЛАРНИКОТ. СЕ ФАКА ЕДЕН СТРШЛЕН И СЕ ЗАЛЕПУВА НА ЛЕСОНИТОТ. нАРЕДНИОТ ДЕН НА ЛЕСОНИТОТО КЕ ЗАБЕЛЕЖИТЕ ГОЛЕМ БРОЈ ЗАЛЕПЕНИ И УНИШТЕНИ СТРШЛЕНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ОТТРГНАТ ОД ЛЕПАКОТ.
2 Четврток, 20 Мај 2010 08:58
Borce od Makedonski Brod
Колеги кај нас во Македонски Брод, а посебно во ПОРЕЧИЕТО околу Самоков имаме огромен проблем со золтиот стрслен кој нанесува големи загуби на пчеларниците, а да не зборуваме за тоа колку се пчелите ангажирани на одбрана (заштита на влезовите)и губат активност во работата.
Имено до оваа година овој проблем го имавме само во Есен, но оваа година истиот се појавува усте на почетокот на месец Мај.
Има ли некаков начин за застита. Нивните зивеалишта не мозе целосно да се пронајдат и унистат, бидејци ги има и низ шумите а и во руинирани камен објекти.
Молам за совет и Благодарам. Медно.
1 Понеделник, 10 Август 2009 09:50
Паланчански
Кај мене забележав огромни пајаци кои градат пајажина меќу дрвјата во пчеларникот. Во една прилика имаше преку 50 пчели во мрежата, бидејќи беше изградена ниско, пред две кошници. Сето тоа е изградено ноќе, а рано наутро ја искинав. Инаку такви пајажини имам забележано на повеќе места, но ако не се пред сандаците, не се проблем.
Имам забележано жолти камуфлирани пајаци, кои ги ловат пчелите без мрежа. Можеби се истите, само ја менуваат бојата во зависност од бојата на цветот.
yvComment v.1.19.3