Производство на матична млеч Печати
Ниво на корисникот: / 15
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Tехнологии на пчеларење
Недела, 15 Март 2009 20:20

Добивање на матична млеч

Во периодот на роење на пчелините семејства често се случува формираните матичњаци да треба да се одстранат со цел да се спречи непожелното роење. Тогаш е најлесно да се добие матична млеч со врвен квалитет  од внимателно извадени  роевски матичници во кои ларвата е стара до 3 дена.

Поради тоа што  тогаш   во матичникот има најповеќе млеч и со најдобар квалитет.  Матичната ларва стара 3 дена  внимателно се вади од матичникот се става на парче хартија и се спалува, поради зачувување на хигиената и спречување појава на заразни заболувања кај пчелите. Потоа со дрвено  лажиче матичната млеч потполно се вади од матичната чаура се процедува преку свилена ткаенина и се става во шишенца ,најдобро темно обоени а потоа во фрижидер за длабоко замрзнување со што се зачувува квалитетот на млечот за подолг период. Иако количините на вака добиениот матичен млеч се мали сепак тој е со најдобар квалитет,затоа што квалитетот на матичната млеч зависи од јачината на пчелиното семејство, од обемот и квалитетот на пчелината паша како и од  старосната структура во пчелиното семејство(треба да има млади пчели кои лачат матична млеч).

Меѓутоа доколку сакаме контролирано да произведуваме матична млеч во поголеми количини тогаш тоа воопшто не е лесна работа и бара посебна технолошка постапка,која во основа е иста  со производството на матици со таа разлика што матичната млеч се вади секои три дена по ставањето на пресадениот материјал.
Постојат две постапки на производство матична млеч постапка  без присуство на матица во пчелината заедница и
постапка  со присуство на матица во пчелината заедница
Матична млеч многу полесно се произведува во кошници со еднакви тела како што е ЛР кошницата.
Во првиот случај  ЛР кошницата, кој е на два спрата и е во предроевско расположение, откако матицата првиот кат во целост ќе го занесе со јајца  ќе се качи во фториот кат .

Тогаш над првиот кат се става матична решетка со предно лето,кое пчелите леталки ќе навикнат да го користат.

По девет  дена се вадат две рамки од долниот спрат  .

Се стресуваат пчели од отвореното легло од горниот спрат,кој заедно со матицата се става на подницата ,над него метичната решетка се заменува со лесонитна подница со предно лето(која целосно ги предвојува пчелите и тие немаат меѓусебен контакт) а над лесонитната подница  се става првиот спрат во кој нема матица но има многу млади пчели и пчели летаталки  кои се привикнале на горното лето.

По 30 минути(кога пчелите веќе го почуствувале отсуството на матицата ) во горниот спрат се додават  рамките со пресадените ларви.

За полесна манипулација може да се користи лесонитна поклопна даска над која ке се става лесонитната подница.

По три дена (60-65 часа)се вадат рамките на кои се наоѓаат започнатите и прифатени матичњаци.

Од нив се  вадат тридневните ларви и се вади матичната млеч.

Во фториот случај постапката е иста со таа разлика што после 24 часа откако се ставени рамките со пресадените ларви се вади лесонитната подница и на нејзиното место се враќа матичната решетка. По три дена се вадат рамките со пресадениот материјал на кој се наоѓаат започнатите матичњаци.Постапката може да се повторува зависно од условите во природата и јачината на пчелината заедница.Успехот во фториот случај е добар само во сезоната на роење кога пчелиното семејсто е исклучително силно и има од 60 до 80 000 пчели а пчелина паша има во изобилство. При оптимални услови за производство на матичен млеч од 1000 матичњака се добива 350 грама матична млеч. Во едена пчелина заедница можат да се вметнат 2 рама со по 32 матични основи со пресадени ларви.Прифаќање на 30 до 40 матичници се смата за успешно и може да се добие околу 20 грама млеч.

Пресадувањето и внесувањето на пресадените еднодневните ларви е исто како и при производство на матици.
Да напоменеме дека Апаратот на Карл Јентер , ја забрзува и олеснува постапката на пресадување на еднодневните ларви од апаратот во рамот за производство на млеч.

Попширно за пресадување на ларвите со користење на Јентеровиот апарат во идните статии.

 
Коментари (11)
11 Недела, 06 Декември 2015 06:48
Petar
Dali nekoj prodava pceli i po koja cena? Zainteresiran sum da kupam
10 Сабота, 28 Ноември 2015 21:02
a
sakam da ve prasam kako da go konzumiram maticnior mlec vo prav?
9 Вторник, 22 Септември 2015 07:07
cveta
kade mozam da nabavam cist maticen mlec vo makedonija?
8 Петок, 24 Јули 2015 14:30
Nikola
Od kade moze da se nabavi vo Makedonija
7 Среда, 23 Март 2011 03:20
mk
kade ima plasman za maticniot mlec blagodaram
6 Сабота, 09 Октомври 2010 22:17
suzana
a kade moze da najdam maticen mlec blagodaram
5 Петок, 16 Април 2010 23:51
suzana
dali moze alergicni na proizvodi od med, da go koristat maticniot mlec..........nekade procitav so maticen mlec moze da se izlecat
4 Недела, 25 Октомври 2009 16:52
zoran
Ме интересира дали некој во Македонија откупува матична млеч по која цена и под кои услови се мисли на начин на паковање достава и сл.
3 Петок, 25 Септември 2009 22:24
Anonimen
Vo kolkavi sisencinja se stava melecot, dali treba da bide hermeticki zatvoren i kolku vreme posle vadenjeto moze da stoi na otoreno, bez da se stava vo frizider. Blagodaram odnapred
2 Вторник, 24 Март 2009 15:55
Jovan
Pocituvan administratore me interesirat za pocetok kolku druztva da spremam za da pocnam so vadene na mlec B L A G O D A R A M i P O Z D R A V
1 Четврток, 19 Март 2009 19:30
Јован
Колега благодарам за информацијата до негде сфатив и здравје ако е во се ред ке пробам . Б Л А Г О Д А Р А М
Сега да те прасам несто друго се разбира ако сакас одговорими. Јас поцнав ланската година и имам 9 семејств ланструт .Купив нови косници и сакам да ги напрам до 40 .Казими ти кој е најдобар нацин на роене по твое и најбезболен П О З Д Р А В
yvComment v.1.19.3