Технологии на пчеларење Печати
Ниво на корисникот: / 7
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Tехнологии на пчеларење
Понеделник, 26 Октомври 2009 11:22

Технологијата можеме да ја дефинираме како - Решение за реалните човекови проблеми преку развој и примена на одредени постапки,алатки,материјали,добра или информации во форма на вештини,знаење или инструкции при производство на одредени добра и остварување на одредена цел.

Технологиите на пчеларење се специфични бидејки се работи за производство на производи кои во најголема мера зависат од природата. Поради тоа моето мото при одгледување на пчели е - Следи ја природата !

Пчелиното семејство се развива зависно од условите во природата.
Животот на пчелата е тесно поврзан со климата и животот на растенијата посебно во фазата на нивното цутење и опрашување. Растенијата во фазата на цутење создават полен и лачат нектар за да ги привлечат пчелите и другите инсекти да ги опрашат. Нектарот и поленот преставуваат основна храна за пчелите и различно влијаат врз развојот на пчелината заедница.

Доколку во природата има полен има и интензивно лежење од матицата при што се зголемува пчелиното легло а се трошат залихите не мед.

Силната нектарна паша ,создабва дебели медни венци во плодиштето и ги полни медиштата притоа намалувајки го  просторот за пчелиното леглото.

Тивката нектарна паша со доволно присуство на полен овозможува континуирано силна пчелина  заедница но изостануваат високите приноси на мед.

Денес кога се повеќе се бара производство на  природна чиста и здрава храна, пчелините производи како најскапоцени дарови на природата,најсоодветно се вклопуваат во тие барања.

Меѓутоа тоа подразбира чиста еколошка средина на пашните терени. Исто така и технолошките постапки при производство на пчелините производи мора да бидат според  принципите на добрат производна и хигиенска пракса .

 

 
Коментари (1)
1 Сабота, 06 Февруари 2010 12:37
pajo
pozdrav do site.dali ima nekoj pcelar iskustvo so r.v(rodna voja) i kakvi se iskustvata.
yvComment v.1.19.3