Tехнологии на пчеларење кога се произведува мед Печати
Ниво на корисникот: / 15
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Tехнологии на пчеларење
Недела, 01 Ноември 2009 15:38

Кога целта на пчеларњето е производство само на мед во тој случај треба да укажеме на факторите кои влијаат на приносот од мед.Најзначаени фактори пред се е пчелината паша изобилство на медоносни растенија ,соодветните метеролошки услови кои обезбедуваат обилно медење,состојбата во пчелината заедница и нејзината бројност бројност.

Пчелиното семејство треба да биде силно со 60-80 000 пчели ,со 200-300 трутови и со млада селектирана матица, да биде здраво со минимално присуство на Вароа.Да има доволно квалитетно саќе од кое ќе се  ведат пчели работнички и да има доволни количини на мед и полен.Во вакви друштва пчелиното легло е одгледувано во оптимални услови ,излежаните пчели се многу повитални и со подолг век на живот.Тоа значи дека основна задача на пчеларот е да овозможи брз пролетен развој на пчелината заедница поточно да обезбеди навремено третирање против Вароота и максимален број на рамки со легло -кај ДБ - до 10 рамки а кај ЛР и до 16 рамки.

Тоа се постигнува со навремено прихранување (внатрешно кога се отклопува поклопениот мед во пчелината заедница и така се стимулира матицата за поинтензивно  лежење, кај ЛР се свртуваат спратовите и т.н.),навремено додавање на сатни основи за градба на ново саќе во плодиштата кои матицата веднаш ги залежува.

Тоа значи дека сите работи на пчеларот се свртени кон обезбедување на што поголем број на рамки со легло.Вака интензивно форсирање на пчелината заедница треба да се отпочне шест недели пред главната медоносна паша(во означената статија од линкот прочитајте го пасусот одбележан со црврни букви).

Многу е значајно  добро да се познава и фенолпошкиот календар и климатските услови на одредено геогравско подрачје. Бидејки ако изостане очекуваната пчелина паша вака силните пчелини заедници можат да останат без храна и да се претрпат големи загуби. Освен тоа вака силните пчелини семејства лесно преоѓаат во роевско расположение што исто така создава голми дополнителни активности за спречување на роењето а приносите целосно изостануваат.

Овде се соочуваме со две спротивности

1) потребата од исклучително силно пчелини семејства  и

2) спречувањето на роевскиот нагон кој многу често се јавува во овие пчелини семејства од друга страна.

Измирувањето на овие две спротивности воопшто не е лесна работа а резултатите и успехот во пчеларењето пред се ќе зависат од умешноста да се справиме со нив.Отука и произлегуваат многу технологии насочени кон измирување на овие спротивности.

Влијанието на  бројноста на пчелиното семејство во екот на нектарната пaша врз количините на произведениот мед не е право пропорционално,затоа што пчелино семејство со околу 40 000 пчели ако во екот на пашата донесе вишок од околу  10 кг. пчелино семејство со околу 80 000 пчели нема да донесе 20 кг вишок туку ќе донесе преку 30 кг.вишок. Отуука произлегува дека исклучително силните пчелини заедници го зголемуваат приносот од мед за повеќе пати.

Меѓутоа   количината на легло во екот на нектарната паша е обратно пропорционално со приносите на мед поточно колку повеќе легло во екот на нектарната паша толку помали приноси на мед.Тоа се должи на големата потрошувачка на мед за одгледување на леглото но и големата ангажираност на младите пчели за хранење на леглото.Тоа значи дека непосредно прд главната паша леглото треба да се ограничи најдобро со матична решетка но не и да се отстрани матицата бидејки поради тоа се намалува работното расположение кај пчелите работнички а со тоа ќе се намалат приносиет на мед.

Изградбата на саќе во екот на нектарната паша исто така ги намалува приносите на мед,поради големо ангажирање на младите пчели на градење сатини наместода учествуваат во превземањето и складирањето на нектарот донесен од пчелите излетнички но и поради големата потрошувачка на мед за изградба на сатните основи.

Недоволен медиштен простор ги намалува приносите на мед пред се од фактот дека за внесување на нектарот е потребно многу повеќе простор отколку за зрелиот поклопен мед.За да се произведат  8 кг. мед потребно е 19 полумедишни рамови ДБ  за да се смести собраниот нектар. Тоа значи дека недоволниот медишен простор може да ги намали приносите на мед и до 50%. Обилните медоносни години се многу ретки со нив се покриваат губитоците во лошите години и ако не се искористат тогаш ќе се пчелари со губитоци.

Во продолжение ќе изложиме повеќе технолошки постапки што се практикуваат при производство на мед.

Постапка со ограничување на матицата на само 1 ЛР тело со Матична решетка.