Пошумување со медоносни растенија Печати
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еколошки проекти и акции
Понеделник, 16 Март 2009 23:28

              И покрај големите напори да ги активираме сите пчеларски здруженија и сојузот да се вклучат во акцијата за барање на можност да се искористи акцијата ,,Ден на дрвото,, за да се пошумува плански со медоносни растенија,

не успеавме да постигнеме позначајни резултаи.Меѓутоа нема тука да застанеме па и понатаму ќе се организираме и ќе бараме начин да допреме до соодветните институции за да ја постигнеме нашата цел.Планско пошумување со медоносни растенија.(13/11/2009)

Со објавувањето на оваа статијата сметаме дека иницијавата за Планско пошумување со медоносни растенија   е започната и се надеваме дека pcelar.mk ќе допринесе истата да се реализира.

Поздрав до сите здруженија и индивидуални пчелари и повик за собирање потписи за

иницијативата за Планско пошумување  со медоносни растенија и истите да ги доставиме до Пчеларскиот сојуз на Македонија и понатаму до релевантните институции.

Статијата е инспирирана од прашањето,

Дали се пошумуваше со медоносни растенија и дали тоа се прави плански?

Во Македонија немаме стратегија како да ги обновиме и задржиме старите пчелини пашни терени и како да создадеме нови пространства со медоносни растенија.

Акцијата за пошумување (,,Денот на дрвото-засади ја својата иднина ,,која повторно се одржа 14/03/2009 и која се оцени како успешна а на која се засадени 5 милиони садници од кои 2 милиони се засадени од граѓаните  а 3 милиони беа во семе кое го сееја вработените во Јавното претпријатие ,,Македонски Шуми ,,) е шанса плански да се пошумува со медоносни растенија.  Се садеа дрвца од Бор,багрем,смрека и др. 

Багремот во пчеларството се смета за главна паша и доколку се сади на пристапни терени и плански може да се создадат големи плантажи со медоносна пчелина паша. А доколку тоа се терени кои се наоѓаат подалеку од хемиски загадувачи ќе овозможат зголемување на пчелини семејства за органско производство на пчелини производи.

Министерството за животна средина и просторно планирање донесе ,,Прирачник за учество на јавноста во процесот на донесување одлука од областа на животната средина , во април 2006 година,, од Ана Чолиќ. Тоа овозможуа да се пристапи организирано најверојатно со потпис на иницијативата која ќе тргне од пчеларските здуженија до Сојузот на пчелари на Македонија од каде ќе се поднесе до Министерството за  животна средина и просторно планирање, како и до Министреството за Земјоделие шумарство и водостопанство како  проект каде ќе се лоцираат терните за пошумување со медоносни растенија и потребната количина на садници од медоносните растенија. Иницијативата треба да почне што побргу за да можеме веќе во Ноеври 2009 да ги имаме првите садници.

Имајки во предвид дека од Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство се планирани

 РАСАДНИЧКИ ЦЕНТРИ        124.000.000 ден     

· Проект за основање на расаднички центри за борба против дезертификацијата во РМ. Создавање на 5 регионални расаднички центри во РМ за производство на квалитетен саден материјал со кој ќе се освојувале нови површини под шуми и истите ќе одиграат стабилизаторска улога во процесот на дезертификација односно ќе ги намалат неговите негативни влијанија и ќе создадат поволни услови за подобрување на состојбата на почвата и водата. Овие центри биле лоцирани во Свети Николе, Струмица, Кавадарци, Кичево и Битола.

Исто така и иницијативата за денот  на дрвото  најавува 10 годишен план. Планирањето на потребата од садници треба да се реализира преку овие расадни центри и да влезат во 10 годишниот план за пошумување.

Ги поздравуваме сите поддржувачи на акцијата Денот на дрвото-засади ја својата иднина Здружението ,,Граѓанска иницијатива за европска Македонија,, Борис Трајанов и др.

 
Коментари (5)
5 Понеделник, 13 Јануари 2014 07:40
Петре
Не е лошо сите кои се во можност по меил или на друг начин да бараат на Денот на дрвото да се пошумува со медоносни растенија - багрем, липа, еводија ....
4 Сабота, 04 Септември 2010 19:40
VВаско-Бт
Сојузот на Пчеларски Здруженија на Македонија (СПЗМ)преку неговата работна група задолжена за следење на пчелната паша во Македонија ќе биди во постојан контакт со организаторите на акцијата и ресорното Министерство
Васко Карадаковски
Потпретседател на СПЗМ
3 Вторник, 26 Мај 2009 19:50
Борис
Поздрав до сите иницијативи за зголемување на шумскиот фонд во Македонија.Во Пчеларството сум почетник но интересот и желбата за
оваа хумана активност ја носам во себе од детските години и овде сега би го поставил како добро и медоносно дрво Липата многу поретко се спомнува но нејзиноит благодет не смее да се заобиколи прашувам дали се продава како садница и дали имаме липови шуми во Македонија
2 Вторник, 19 Мај 2009 13:52
zlatko od Negotino
Familijarno odamna se zanimavame so pcelarstvo no vo polsedno vreme jas se poveke ja prevzemam incijativata od mojot tatko.Zatoa pocnav i da prebaruvam internet za dobivanje [to poveke informacii .Vo slucajot sakam da prasam dali nekoj odgleduva sadnici na evodija za pprodazba ili eventualno kako da dojdam do semki. Blagodaram
1 Четврток, 23 Април 2009 20:47
Љупчо од Скопје
Мојот предлог е да на сите пчелари кои се членови на пчеларските сојузи да им се дадат бесплатно садници за пошумување поготово медоносни растенија како багрем и еводија, а со тоа ке се приклучат сите пчелари кон акцијата за пошумување. Се надевам дека овој предлог ќе го подржи и Пчеларскиот Сојуз а и сите пчелари во Македонија.
yvComment v.1.19.3