Самит за глобални климатските промени во Копенхаген Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еколошки проекти и акции
Петок, 04 Декември 2009 18:40

Почна самитот во Копенхаген .Колку се големи очекувањата од овој самит зборуваат невообичаените места на оддржување на седниците на некои влади Со цел да предизвикаат внимание Владата на Непал одржа седница на Монт Еверес, владата на

Малдивските острови одржа седница под вода.Целта беше да се птенцира топењето на глечетите што ќе предизвика недостаток  на вода за над една милијарда луге.Температурата на Хималаите расте побрзо од другите региони и доведува до топење на глечерите.

Како главна причина за овиие случувања се наведува глобалното затоплување предизвикано од ефектот на стаклена градина,кој се појавува поради преголемата емисија на штетни гасови во атмосверата.

Договорот што го потпишаа 141 земја,мегу кои и индустриските гиганти и 30 (со исклучок на САД и Австралија)во Кјот Јапонија беше предвидено до 2012 година за 5,2 проценти намалување на емисијата на јаглероден диоксид во атмосверата на Земјата.

Самитот за глобални климатски промени кој на 06/12/2009 започна во главниот град на Данска - Копенхаген делегати на 192 земји ги започнаа двонеделните преговорие  сметајки  дека ќе биде делотворен и историски и ќе дојде до нова спогодба со која пред се ќе се регулираат осневните обрски на развиените и неразвиените земји за заштита на земјината атмосвера а ке биде и правно обврзувачка.Тука пред се се очекува и дефинирање на големината на фондот за да се спречи глобалното затоплување од околу 10 милијарди долари годишнокои треба да се уплатат веднаш,што предизвикува несогласување кај неразвиените Г 77. Поради нешто променетиот став на САД и Обама кон потребата од регулирањето на испуштените  штетни гасови  во атмосверата се очекува и САД да завземе став да го намали испуштањето на штетни гасови во атмосверата за 17% во 2020 во однос на 2005 г. Поагајки од тоа дека гасовите кои ја заробуваат топлината се штетни за здравјето на американските граѓани и мора да бидат регулирани според законот за чистота на воздухот.

Македнија има обврска да ги следи глобалните политики кои ќе произлезат од Самитот во Копенхаген.Како земја аспирант за влез во Европската унија претставници од министерството за животна средина ќе учествува на Самитот.

Се очекува дека до 2050-тата година температурата во Македонија ќе порасне за три целзиусови степени,  до 2100-тата година за цели пет степени.
 -„Со релативна сигурност можам да кажам дека Македонија нема ни да наликува на она што е денеска, дали ќе биде пустина, дали морето ќе стигне до Демир Капија, никој не знае.“ Искра Стојковска е од еколошката невладина мрежа „Фронт“:

Затоа, таа апелира, политиката на државата да се насочи кон секторите кои најмногу ќе бидат погодени од климатските промени и борбата да се примени за својот развој, аплицирајќи во меѓународни проекти:

„Виновата лоза во Кавадарци ќе претрпи 46% намалено производство 2025, доматот во Гевгелија 70%. Сите овие проекции да не се земат во предвид во моментов, кога се кројат стратегии и политики за нас е навистина несфатливо.“

Македонија не придонесува многу кон климатските промени, нема големи емисии на стакленички гасови, но ќе изгуби многу од климатските промени, вели и британскиот амбасадор Ендрју Ки:

-„Помалку врнежи, ќе има ризици од многу поекстремни услови, бури, суши, поплави и поголеми ризици од пожари. Тоа значи дека за сите нас, за Велика Британија, за ЕУ, за Македонија, за сите земји дека мора да имаме успех од состанокот во Копенхаген.“

Меѓу пораките од екологистите е дека Македонија треба да обезбеди услови за развој на новите, чисти технологии особено за производство на енергија од обновливи извори.

Во таа насока, да ги поедностави административните процедури за вакви инвестиции и проекти до воведување на кредитни линии со поволни услови за нив.

Извор -  BCC


Тековни информации за самитот СВЕТ

Време 18/12/2009

НАПРЕДОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВ КЛИМАТСКИ ДОГОВОР СЕ ОДВИВА ПРЕМНОГУ БАВНО
Неуспехот виси над Копенхаген
Присуството на повеќе од 130 шефови на држави и влади на климатските преговори на глобалната конференција во Копенхаген не помогна вчера да се придвижат преговорите, кои западнаа во ќор-сокак откако во средата државите во развој, предводени од Кина, одбија да ја прифатат завршната нацрт-декларација понудена од Данска. На најголемиот политички собир на толку високо ниво досега, развиените земји и земјите во развој, вторите поддржани и од сиромашните држави, и натаму не можат да се договорат кој треба да ги намали емисиите на штетни гасови и колку, како и за тоа колку помош треба да им се исплати на сиромашните земји за борба со последиците од глобалното затоплување. Кина во средата и официјално се стави себеси во групата земји во развој и ги обвини домаќините од Данска за нетранспарентност поради тоа што го одредиле духот на завршниот нацрт-договор без да се консултираат со сите учеснички на конференцијата, туку само со претставниците на богатите нации. Вчера високи претставници на кинеската делегација неофицијално за агенцијата „Ројтерс“ изјавија дека не гледаат никакви шанси да се постигне функционален договор до денеска кога завршува конференцијата. Од своја страна, данскиот премиер Ларс Леке Расмусен, кој од средата го презема претседателството со конференцијата од неговата министерка за надворешни работи, изјави дека Данците само сакале да поедностават неколку комплицирани текстови кои служеле како основа за преговорите, за да им помогнат на светските лидери полесно да постигнат договор. Тој ја обвини Кина дека го става под знак прашалник постигнувањето на еден од најважните глобални договори во историјата и тоа поради процедурални причини. Документот кој го предложи Данска и кој предизвика хаос на конференција, предвидува намалување на емисиите на штетни гасови на ниво кое би одговарало на пораст на глобалните температури за не повеќе од два степена. Земјите во развој и сиромашните, пак, бараат намалувањето да се поврзе со пораст на температурата од најмногу еден или 1,5 степен. Според познавачите на состојбите, немаат ниту најмали шанси за развиените да го прифатат нивното барање. Британскиот министер за енергија и климатски промени, Ед Милибанд, вчера изјави дека по два дена расправии и посочување виновници, преговорите балансираат на „сечило од нож“. И претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, ја изрази својата разочараност од бавното темпо со кое се одвива процесот. Претседателот на Венецуела, пак, во свој стил изјави дека „да беше климата капиталистичка банка, развиените земји од Западот досега веќе ќе ја спасеа“. Истовремено, главниот политички советник при Програмата за развој на ОН, Олав Кјорвен, за британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ изјави дека не е се загубено. - Се уште е можно во Копенхаген да се постигне силен и суштински договор. Ако ништо друго, договореното тука ќе послужи како добра основа за натамошни, посилни договори - смета тој. Вчера на конференцијата свои обраќања имаа германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Гордон Браун, бразилскиот претседател Луиз Инацио Лула де Силва и иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад. Претседателот на САД во Копенхаген треба да пристигне денеска, за кога се очекува, наспроти се, светските лидери да постигнат барем некаков договор.


САД ќе соберат 100 милијарди долари


САД ќе помогнат за собирање 100 милијарди долари годишно до 2020 година за помош на сиромашните земји во борбата со климатските промени, изјави вчера американската државна секретарка Хилари Клинтон.
- САД се подготвени да работат заедно со другите земји за постигнување на целта заедно да собереме 100.000 милијарди долари годишно до 2020 година, за да бидат покриени трошоците во борбата против климатските промени на земјите во развој - рече Клинтон на прес-конференција во Копенхаген.



Има спас за шумите


САД, Австралија, Франција, Јапонија, Велика Британија и Норвешка ветија сума од 3,5 милијарди долари за заштита на тропските шуми, изјави вчера американскиот министер за земјоделство Том Вилсак на конференцијата за климатски промени во Копенхаген.
Средствата ќе бидат исплатени во текот на наредните три години, а САД ќе учествуваат со една милијарда долари. Парите ќе им бидат доделени на земјите во развој, кои нудат амбициозни планови за заштита на тропските шуми.



Поголема помош за сиромашните


Јапонија во следните три години ќе ги зголеми средствата што планира да ги оддели за борбата со климатските промени на 15 милијарди долари, за да им помогне на државите во развој да се вклучат во светската иницијатива за ограничување на последиците од глобалното затоплување, под услов да биде постигнат глобален договор за климата.
Министерот за животна средина Сакихито Оџава прецизира дека од овие средства 11 милијарди долари ќе се одделат од државниот буџет, а останатите пари ќе се доделат од приватниот сектор.
Јапонија досега имаше ветено доделување на 9,2 милијарди долари од 2010 до 2012 година.




 

Податоци за Македонија.onian.com

ГИ УРИВАМЕ СВЕТСКИТЕ РЕКОРДИ ВО ИСПУШТАЊЕТО НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД
Петти во светот по загадување
Маја Михајловска

Македонија е меѓу првите пет земји во светот по испуштање јаглерод диоксид и на стакленички гасови, чии честички кога се вдишуваат, предизвикаат сериозни нарушувања на здравјето, какви што се хронични срцеви и белодробни заболувања. Токму срцевите заболувања се фактор број еден за смртност во земјава, според сите официјални податоци, а неодамна министерот за здравство Бујар Османи предупреди дека поради зголеменото загадување, во пораст се и хроничните белодробни заболувања. Алармантните податоци за загадувањето што деновиве ги објавија невладините еколошки организации во соработка со овдешната канцеларија на УНДП, покажале дека годишно во земјава се испуштаат вкупно 7,18 тони јаглерод диоксид по глава на жител. - Тоа воопшто не е за чудење бидејќи е доволен само податокот дека 80 отсто од населението во Македонија се грее на дрва. Ако се земе предвид дека годишно се трошат од 10 до 15 кубика дрва, можете само да замислите колкава е таа концентрација на јаглерод диоксид што се создава во атмосферата? - вели Душко Христов од еколошка организација „4х4х4 Балкански мостови“. Тој како најголеми загадувачи ги истакнува автомобилите, јавниот превоз, особено автобусите на ЈСП, големите индустриски капацитети на црната металургија, како и електраните РЕК Битола и Осломеј. - Од околу еден милион возила колку што ги има во земјава, 70 отсто работат без катализатори, кои служат за намалување на издувните гасови. Откако катализаторите ќе се расипат, не се заменуваат со нови бидејќи чинат околу 200 евра - потенцира Христов. Министерството за животна средина не врши мерење на концентрациите на јаглерод диоксид во воздухот, но според еколошките параметри кои тие ги следат преку 15 мониторинг-станици за квалитет на воздухот, сообраќајот е еден од најголемите причинители на загадувањето, особено во урбаните средини. Од таму велат дека во Македонија над 30 отсто од возилата се постари од 20 години, а во издувните гасови покрај јаглерод моноксид, азотни оксиди, сулфур диоксид, има и многу други испарливи органски соединенија. Според нив, квалитетот на воздухот во Скопје во последниот период нема зголемување на концентрациите над граничните вредности кога станува збор за сулфур диоксид, азотни оксиди, јаглероден моноксид и озон. Покачување над дозволената концентрација има само кај суспендирани честици на сите мерни места во Скопје. - Концентрацијата на суспендирани честички е поголема од дозволеното особено во зимскиот период. Вчера тоа е забележано на мерните станици во Лисиче и Гази Баба, но не во количини кои се алармантни - велат од Македонскиот информативен центар за животна средина, кој функционира во рамките на Министерството за екологија. Од таму објаснуваат дека овие честички се зголемени поради маглата. Експертите велат дека честичките од сите овие опасни супстанции влегуваат длабоко во белите дробови на луѓето при вдишувањето и можат да предизвикаат сериозни нарушувања на здравјето, какви што се астматични воспаленија, хронични срцеви и белодробни заболувања. Овие честички потекнуваат од издувните гасови на моторните возила, од правта од неасфалтирани патишта, од согорување на огревните дрва во домаќинствата и од неконтролирано палење на отпадот. Само за пример, испитувањата покажуваат дека ланската година на годишно ниво во просек концентрацијата не е надмината само во селото Лазарополе.

Во Копенхаген сме загадувале европски

На конференцијата за климатски промени во Копенхаген, претседателот Ѓорѓи Иванов, во обраќањето, рече дека Македонија ги следи чекорите на Европската унија кон намалување на емисиите на отровни гасови во атмосферата, обновливи енергетски извори, како и енергетска ефикасност.
Тој информира дека Македонија ќе го зголеми својот удел на обновливи извори на енергија од моменталните 15,3 на 21 отсто до 2020 година.


 

Заврши самитот во копенхаген.

 СКЛУЧУВАЊЕТО СЕОПФАТЕН ДОГОВОР ЗА КЛИМАТА СЕ ОДЛОЖУВА ЗА КРАЈОТ НА 2010 ГОДИНА
Копенхаген заврши срамно
Учесниците на конференцијата на ОН за клима усвоија заклучен документ во кој изјавуваат дека го потврдуваат договорот постигнат меѓу лидерите на околу 30 најголеми економии во светот за борба против глобалното затоплување.
На овој начин е избегнат неуспех на средбата, која требаше да заврши вчера, во 18 часот по локално време, но дискусиите меѓу делегациите продолжија до денеска.
- Конференцијата на земјите го потврдува договорот од Копенхаген - се вели во заклучниот документ, усвоен од 193 земји, кои, сепак, не го одобрија со гласање.
По непроспиената ноќ исполнета со остри дебати, учесниците претпладнево се уште размислуваа дали да го прифатат договорот за борба против глобалното затоплување, кој го склучија триесетина шефови на држави. Механизмите за финансирање, предвидени во документот, можат да функционираат само ако договорот биде официјално усвоен од страна на конференцијата на земјите од Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.
„Политичката декларација“ за „договорот од Копенхаген“ малку избрзано синоќа ја објавија претседателите на САД и на Франција, Барак Обама и Никола Саркози. Таа беше претставена во пленарната сала пред делегатите на 193 држави и предизвика многу различни реакции.
Според Обама и Саркози, документот, пред се, има само три страници и „не е доволен“. Саркози, сепак, го нарече „најдоброто можно решение“ и истакна дека како цел е поставено ограничување на глобалното затоплување до два степена во споредба со прединдустриското ниво.
Се предвидува и создавање специјален фонд под покровителство на конвенцијата за климата. За почеток, во следните три години во него, според текстот, ќе влезат 30 милијарди долари. Потоа сумата ќе се зголеми и до 2020 година ќе достигне 100 милијарди долари. Тие ќе бидат насочувани, главно, за помагање на земјите што ќе бидат најранливи во приспособувањето кон последиците од климатските промени.
- За да влезат во сила тие одлуки, сепак, ќе треба да се претворат во „одлуки на конференцијата“ - потсети денеска британскиот министер за енергетика и за климатски промени Едвард Милибанд.
Декларацијата засега обединува само триесетина држави - група што личи на една проширена Г-20, која ги вклучува САД, Европа и големите новорастечки пазарни економии како Кина, Индија, Јужна Африка и Бразил - основните земји-загадувачи на животната средина.
- Не станува збор за договор, туку за политички договор меѓу државни лидери, со кој тие се обидоа повторно да ја пуштат машината во работа - објасни во текот на ноќта францускиот министер за екологија Жан-Луи Борло.
Со текстот се повикуваат развиените земји и земјите во развој до крајот на јануари писмено да ги потврдат ангажманите за ограничување на емисиите на гасовите што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Тој предвидува и механизми што ја гарантираат отвореноста на нивното спроведување. Со ова склучувањето сеопфатен договор се одложува за крајот на 2010 година - со сигурност за конференцијата за клима во Мексико. Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон ќе треба да се увери дека тоа ќе се претвори во правнообврзувачки договор.
Пред да замине од Данска, Барак Обама призна дека постигнувањето договор со правнообврзувачки карактер ќе биде многу тешко и ќе одземе многу време. Германската канцеларка Ангела Меркел предложи одржување уште една, не толку голема конференција во јуни во Бон. Британскиот премиер Гордон Браун, пак, изјави дека на Самитот во Копенхаген е постигнат напредок околу документот што треба да обезбеди заштита на светот од климатските промени, но дека е потребен договор што ќе има правна основа и обврзувачки норми. Во изјава за британските медиуми, Браун рече дека Велика Британија ќе продолжи да работи за постигнување договор што ќе биде прифатлив за сите.
Лондонските медиуми, кои на конференцијата во Копенхаген и посветуваа големо внимание, сметаат дека Самитот за климата не успеа да го заврши тоа за што беше организиран, иако американскиот претседател Барак Обама ноќеска, пред да се врати во Вашингтон, објави дека САД, заедно со Кина, Индија, Бразил и со Јужна Африка имаат постигнато договор околу климатските промени. Во изјава за медиумите тој, сепак, призна дека договорот не е правнообврзувачки.
Според медиумите во Лондон, единствено што е постигнато на овој Самит е договорот во иднина да се направи договор за климата, без некои цврсти гаранции дека тоа, навистина, ќе се случи во новата 2010 година. „Гардијан“ дури направи и второ издание на саботниот весник, откако во првото навестува успешен крај на самитот, а во второто разочарувачки констатира дека самитот завршува без никаков успех.


Фудбалот поважен од климата

.Конференцијата на ОН за климатските промени во Копенхаген заврши со повик на јужноафриканскиот делегат да не се совпаднат датумите на Светското првенство во фудбал и состанокот за климатските промени, кој се планира да се одржи во Бон, што беше проследено со бурен аплауз.
Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во Јужна Африка.


Меркел ги отфрла критиките


Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли критиките за резултатот од светскиот самит за климатските промени, јави „Дојче веле на македонски јазик“.
- Копенхаген беше првиот чекор кон нов светски климатски поредок, ништо повеќе и ништо помалку - изјави Меркел за весникот „Билд ам зонтаг“. Врз таа основа треба да се градат идните преговори и тоа Германија ќе го направи на министерската конференција, на средината на наредната година во Бон.
Шефот на Социјалдемократската партија Зигмар Габриел побара од германската влада и од Европската унија, да ги исполнат ветувањата и да ја намалат емисијата на јаглероден диоксид за 30 проценти. Само на тој начин ЕУ може да ја поврати загубената доверба, смета Габриел.