Фенологија PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Медоносни лековити растенија и Фенолошки календар
Сабота, 14 Март 2009 20:47

Фенологија е наука која ги проучува, законитостите на периодичните појави (фази) во развој на растенијата и животните и нивната зависност од факторите на надворешната средина.  

 Програмата за фенолошки набљудувања во агрометеоролошката гранка воглавно ги опфаќа фенолошките набљудувања на растенијата ,интересно е да се напомене дека  фенолошките набљудувања се спроведуваат и  на ,,пчелите,, како зоофенолошки објекти.

полен од дрен 15/03/2009 с.Фолиповци

фенолошките набљудувања на пчелите се однесуваат на

 1) Прва паша (прво внесување на полен)  2)Медење на багрем    3)Медење на липа

 Со оглед на тоа дека од сите фактори на надворешната средина ,најголемо влијание на порастот и развитокот на растенијата има времето и климата,затоа пратењето на односот меѓу овие фактори и развитокот на растенијата е една од најважните задачи за земјоделската и шумарската метеорологија.
 Животниот циклус на растенијата се дели на фенолошки фази или фази на развиток.Под фенолошки фази се подразбира надворешната ,видлива промена на растението ,која настапува како резултат на внатрешните процеси во растењето и развитокот на растението.
      За пчеларството најголемо значење има фазата на цутењето на билките
    Сите виши растенија во кои спаѓаат и земјоделските култури,према должината на животниот циклус се делат на едногодишни двогодишни и повеќегодишни.
    Едногодишни растенија се оние кои својот животен циклус го почнуваат и завршуваат во една година ,било да трае само неколку недели или месеци или пак нивната вегетација почнува во есен а завршува со зреење на плодовите во лето или пак есен наредната наредната година (диви зелјасти растенија ,пролетни и есенски култури).
    Двогодишните растенија обично во првата година формираат корен ,стебло и листови,а во другата година доаѓа до цветање и донесување на плод (шекерната репка)
    Од повеќегодишните растенија ,покрај шумските дрва ,овошките и виновата лоза , влегуваат уште и повеќегодишните треви и легуминози.

 

 
Коментари (1)
1 Петок, 20 Март 2009 20:30
Ацо Тодоровски
Пчеларник Царина Кратово

Права паша внес полен 20/03/04,20/03/05,25/03/06,20/02/07,20/02/08
Медење багрем 20/05/04,12/05/05,18/05/06,08/05/07,15/05/08
Медење липа 25/06/04,22/06/05,25/06/06,20/06/07,20/06/08

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):