Развој на семејство пчели PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 26
НајлошоНајдобро 
Пчеларење - Почетници
Среда, 29 Април 2009 22:38

Најдобар развој на пчелините  семејства се постигнува во семејства во кои има доволни количини на мед и полен . За забрзување  на развојот

на пчелиното семејство  се искористуваат внатрешните залихи на храна со отклопува површина од 10цм на 10 цм. на рамките со мед кои се наоѓаат веднаш до рамките со полен.

Постапката се повторува повеќе пати.Прихраната со шекерен сируп кај пчелините семејства кои имаат доволни количини мед не се препорачува.

 Доклку пчелиното семејство нема доволно мед во него може да се додадат рамки одземени од пчелини семејства што имаат повеќе од 5-6  рамки полни со мед.Во исклучителни случаи кога мора стимулативно да се прихрани може да се користи растворен мед со 30% вода.Во краен случај доколку се прихранува со шекерен сируп се користи однос 2/1 шекер/вода,доколку е потопло може да се користи и сооднос 1/1 шекер/вода.Прихранувањето е најдобро да се врши секој фтор ден  со 200 до 250 грама секерен сируп.

 Нетреба да се заборави дека за брз развој на пчелините семејства е потребна и пергла(полен преработен од пчелите). Доколку го нема во природата треба да биде додаден од резервите или од заедници кои имаат вишок рамки со полен.Може да се додаде и полен собран од пчелите кој треба добро да се сомеле со машина за кафе и во мали количини да се додаде во медниот или шекерниот сируп.

 
Коментари (2)
2 Вторник, 24 Април 2012 19:42
Администратор
Пред да се прошири еден сандук ЛР потребно е пчелината заедница целосно да го исполнува едното ЛР тело и да има голем број слободни пчели кои би можеле да го прифатат новододаденото ЛР тело.Доколку времето е топло а дневните температури се над 20 Ц нокните не се поладни од 10 Ц и има интензивна паша тогаш може да се додаде тело со сатни основи но препорачливо е да има и изградени сатни основи за да можат пчелите полесно да го исполнат додадениот спрат.
1 Сабота, 21 Април 2012 00:00
slave
nov sprat kako se dodava so izgradeni ramki ili

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):