Пчелар.мк PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 11 Август 2008 01:42

Идеата за еден ваков интерактивен Интернет портал на кој ќе биде промовирано пчеларството и кој ќе третира и други актуелни теми, е уште од 1996 година. Меѓутоа неговата имплементација зависеше од многу технички и финансиски фактори. Пред се беше потребен брз интернет, добро програмиран интернет портал која ќе може лесно да се одржува и обновува, а сето тоа  да не биде премногу скапо.

Порталот ќе ви овозможи :

  • полесно,
  • побргу,
  • поквалитетно,
  • поефтино

да дојдете до потребните информации од областа која ве интересира и како истите да ги примените во пракса.

Сајтот Ви овозможува да  добите практични совети со кои ќе ги избегнете високите ризици  кога експериментирате со одредени лекарства ,технологии и постапки заштитувајќи Ве од губитоци и заштедувајќи ви многу време и Ваши пари.

Воедно можете активно да се вклучите во содржините  на овој сајт: оценувајки ги статиите, давајќи ваши коментари, учествувајќи во дискусиите, гласајќи на анкетите со тоа ќе го зголемите квалитетот и ќе придонесете за збогатување на содржината на сајтот. Можете да поставувате прашања и да давате одговори на поставените прашања. Можете да ги објавите вашите позитивни и негативни искуства, стекнати со практиката.

Што интернет порталот ќе содржи? За кого ќе биде наменет? Што ќе добијат корисниците на прталот?

  • Пoрталот е наменет за искусните пчелари кои со своите мислења и коментари ќе ги пренесат нивните искуства и ќе ја збогатат неговата содржината, а тие ќе добијат можност за  бесплатна промоција и публицитет.
  • Исто така младите неискусни пчелари или оние кои сакаат да почнат со пчеларење на порталот ќе можат да ги најдат сите потребни информации за успешно пчеларење а ќе можат да поставуваат и свои прашања. на кои ќе добијат практични совети.Со тоа заштедуваат многу време и пари.
  • Студентите од земјоделскиот факултет отсек пчеларство ќе можат да добијат информации ,примери и искуства од пчеларската практика како и други актуелности од оваа област.
  • Производни компании кои се занимаваат со производство на опрема за пчеларството,шекерно медни погачи и други адитиви за прихранување на пчелите,восочни основи, Фармацеутски куќи кои произведуваат лекови за заштита од болестите на пчелите и други компании кои се занимаваат со бизнис поврзан со пчеларството,тргуваат со пчелини производи и пчеларска опрема на сајтот ќе можат да огласуваат и да се рекламираат со што ќе ја зголемат продажбата на своите производи.
  • Сајтот е наменет и за  оние кои се занимаваат со најблагородната работа и преку книги ,списанија, брошури и семинари го пренесуваат своето искуство и знаење на сите оние кои се заинтересирани за тоа.Тие имаат можност да се вклучат во содржините на сајтот добивајки бесплатна промоција и публицитет зголемувајќи ја можноста за продажбата на своите трудови.
  • Лекарите кои ја практикуваат АПИТЕРАПИЈАТА пред се во рехабилитациони цели но и при превентивата за заштита од болестите.Тие можат да добијат информации од корисниците на  пчелини производи како пчелините производи влијаеле на подобрувањето на нивното здравје или како влијаеле врз зајакнувањето на нивнот имунитет. Меѓутоа лекарите ќе можат да се вклучат со статии од нивни истражувања при примената на апитерапијата во секојдневната лекарска пракса со цел полесно и поквалитетно да им помагаат на своите пациенти.
  • Сите оние кои се заинтересирани за квалитетен и здрав живот за примена на пчелините производи и лековитите билки во исхраната ,лекувањето и козметиката, но и за сите други прашања кои влијаат на квалитетот на нашето живеење, ќе можат да добијат детални информации и многу рецепти за начинот на користење на пчелините производи и лековитите билки, исто така тие можат своите искуства да ги објават на сајтот стекнувајќи се со бесплатна промоција и публицитет.

Во основа на порталот се отворените теми од сите позначајни области на пчеларството како и факторите кои влијаат на успешноста во пчеларењето.

Но исто така и ,

  • Теми за здравјето.
  • Користењето на пчелините производи за зачувување ,подобрување и постигнување на здравјето.
  • Теми за екологијата и глобалните климатски промени и нивното влијание на флората и фауната и како да се справиме со овие промени.
  • Теми за сиромаштијата и потребата за зголемено производство на здрава храна и справување со овој проблем.
  • Теми од ИТК технологиите и нејзината примена како помош во решавање на  овие феномени на дваесет и првиот век.
  • Исто така можат да се поставуваат и други интересни теми и прашања од секојдневниот живот како и да се промовираат успешни луѓе и инересни настани .

Секоја од областите постојано ќе биде надополнувана со најнови сознанија и искуства.

Сите текстови и податоци кои се наоѓаат на порталот се со цел да послужат како информација и имаат образовен карактер , дел од нив се мислења и видувања на нашите посетители и се отворени за дебата. Воедно е користена и обемна пчеларска и друга соодветна литература  како и информации и преводи на текстови објавени на интернет на други јазици.

Во изготвување е и превод на страницата на Хрватски и на Англиски јазик.

Фотографиите и видео клиповите (кои ќе се додадат во акција :) во најголем дел се оргинални и актуелни.

Порталот на интернет како пилот e поставен од  01/01/2009 годинa.

Порталот е регистриран 04.03.2009 година со македонски домен www.pcelar.mk од кога функционира продукциски портал.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Посетете не на facebook

Oд Уредникот

 

 

Последна промена на Четврток, 28 Јули 2016 18:43
 
Коментари (41)
11 Понеделник, 28 Јуни 2010 13:53
ivana
dali ke moze nekako da stapam vo kontakt so profesorot uzunov i kako?
10 Понеделник, 17 Мај 2010 00:39
nikola
sajtov vi e prekrasen vreme bese i dovolno znaeme site deka trebase vakov sajt za pcelarstvoto se raduvam koga gledam deka i nasata makedonska mladina e zainteresirrana za pcelarstvo so vas sum sekogas navivam za ova ubava stranica i treba da napravime da se prosirime nasekade niz svetot pozdrav
9 Петок, 23 Април 2010 10:09
dusan maric
za kontakt
bul. ASNOM br.24 vl.1 stan 1
nas.Novo Lisice 1ooo Skopje
tel.o2 2435.814
o7o.260.363
e-mail.grimiko_duki@uahoo.com
pozdrav,
dusan
8 Петок, 23 Април 2010 10:05
dusan maric
sekoj koj e za rabota so vid na sandaci POLOSKA so 26 ramki spremen sum da prezentiam so ovoj tip na sandaci
ima mnogu prednosti, ednostavna rabota, visokoproduktivno drustvo, so jako drustvo od okolu 65.000 do 90.000 pceli, rezultatot e efikasno za prezimuvanje, rabota so 2 matici, i ostanati prednosti.
pozdrav,
pcelar dusan maric
7 Среда, 10 Март 2010 10:32
професор
се јавувам по препорака на инспекторот Марјан Дончев од Виница претседател на ЗП,,Матица,, затоа што ми требаат информации за видови медоносни пчели во Источна Македонија.Ве молам доколкунрасполагате со такви информации пратете ми ги на мојот мејл
vaska-laz@mail.net.mk pozdrav
6 Петок, 15 Јануари 2010 00:00
maja
Ме интересира дали во Македонија можат да се најдат американски хранилки (тоа се надворешни хранилки што се ставаат на летото).
Доколку има каде можам да ги набавам.
Поздрав
п.с. ставете линк на почетната страна каде можиме директно да Ви пишиме
5 Среда, 15 Април 2009 09:33
Ѓоре
потребно е за поцетници ко мене да има објаснување на работи кои треба да се извршуваат околу пчеларникот во текот на секој месец. Кои работи и како, како што има на Хрватската страница за пчеларство.
Добро е да има објаснувања.
Моја е-mail адреса е gjore_karafilovski@yahoo
Поздрав.
4 Петок, 03 Април 2009 16:03
Гиго
Се најдобро со желби за долга и успешна работа. Сега засега порталот е добар за во иднина уште подобар. Поздрав
3 Среда, 25 Март 2009 00:41
gokosoft
Ви посакувам голем успех со порталот и пчелите .Но би сакал да замолам ако сакате да отворите посебна секција за тотални почетници кој сакат да започнат со овој вид на хоби и занат , но немаат кого или не сакат да досаѓат на искусни пчелари.Таму да се пишува редоследно што ,како и кога треба нешто да се направи , каде што ке може да се поставуват коментари и подпрашања.Исто така не е лошо да се отвори и секција за мали огласи и форум.
2 Сабота, 21 Март 2009 21:27
Администратор
Голема благодарност за пофалните зборови за порталот а воедно големи пофалби за www.apicentar.com.mk за исцрпните и значајните информации кои ги иматае на сајтот. Нашата е-меил адреса ќе биде достапна на порталот во најскоро време.Во мeѓувреме можете да ја користите todorovski_aco@yahoo.com
поздрав www.pcelar.mk
1 Сабота, 21 Март 2009 20:57
Александар Узунов
Сакам само да Ве поздравам и честитам за интернет страницата. Се надевам дека ќе биде редовно надополнувана и актуелна за одгледувачите на пчели од Македонија. Имам и едно прашање: Која е вашата е-меил адреса?

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):