Самит за глобални климатските промени во Копенхаген - Неуспехот виси врз Копенхаген PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еколошки проекти и акции
Петок, 04 Декември 2009 18:40
Индекс на артиклот
Самит за глобални климатските промени во Копенхаген
Неуспех во Копенхаген
ГИ УРИВАМЕ СВЕТСКИТЕ РЕКОРДИ ВО ИСПУШТАЊЕТО НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД
Срамно заврши самитот во Копенхаген
Сите страни
Тековни информации за самитот СВЕТ

Време 18/12/2009

НАПРЕДОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВ КЛИМАТСКИ ДОГОВОР СЕ ОДВИВА ПРЕМНОГУ БАВНО
Неуспехот виси над Копенхаген
Присуството на повеќе од 130 шефови на држави и влади на климатските преговори на глобалната конференција во Копенхаген не помогна вчера да се придвижат преговорите, кои западнаа во ќор-сокак откако во средата државите во развој, предводени од Кина, одбија да ја прифатат завршната нацрт-декларација понудена од Данска. На најголемиот политички собир на толку високо ниво досега, развиените земји и земјите во развој, вторите поддржани и од сиромашните држави, и натаму не можат да се договорат кој треба да ги намали емисиите на штетни гасови и колку, како и за тоа колку помош треба да им се исплати на сиромашните земји за борба со последиците од глобалното затоплување. Кина во средата и официјално се стави себеси во групата земји во развој и ги обвини домаќините од Данска за нетранспарентност поради тоа што го одредиле духот на завршниот нацрт-договор без да се консултираат со сите учеснички на конференцијата, туку само со претставниците на богатите нации. Вчера високи претставници на кинеската делегација неофицијално за агенцијата „Ројтерс“ изјавија дека не гледаат никакви шанси да се постигне функционален договор до денеска кога завршува конференцијата. Од своја страна, данскиот премиер Ларс Леке Расмусен, кој од средата го презема претседателството со конференцијата од неговата министерка за надворешни работи, изјави дека Данците само сакале да поедностават неколку комплицирани текстови кои служеле како основа за преговорите, за да им помогнат на светските лидери полесно да постигнат договор. Тој ја обвини Кина дека го става под знак прашалник постигнувањето на еден од најважните глобални договори во историјата и тоа поради процедурални причини. Документот кој го предложи Данска и кој предизвика хаос на конференција, предвидува намалување на емисиите на штетни гасови на ниво кое би одговарало на пораст на глобалните температури за не повеќе од два степена. Земјите во развој и сиромашните, пак, бараат намалувањето да се поврзе со пораст на температурата од најмногу еден или 1,5 степен. Според познавачите на состојбите, немаат ниту најмали шанси за развиените да го прифатат нивното барање. Британскиот министер за енергија и климатски промени, Ед Милибанд, вчера изјави дека по два дена расправии и посочување виновници, преговорите балансираат на „сечило од нож“. И претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, ја изрази својата разочараност од бавното темпо со кое се одвива процесот. Претседателот на Венецуела, пак, во свој стил изјави дека „да беше климата капиталистичка банка, развиените земји од Западот досега веќе ќе ја спасеа“. Истовремено, главниот политички советник при Програмата за развој на ОН, Олав Кјорвен, за британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ изјави дека не е се загубено. - Се уште е можно во Копенхаген да се постигне силен и суштински договор. Ако ништо друго, договореното тука ќе послужи како добра основа за натамошни, посилни договори - смета тој. Вчера на конференцијата свои обраќања имаа германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Гордон Браун, бразилскиот претседател Луиз Инацио Лула де Силва и иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад. Претседателот на САД во Копенхаген треба да пристигне денеска, за кога се очекува, наспроти се, светските лидери да постигнат барем некаков договор.


САД ќе соберат 100 милијарди долари


САД ќе помогнат за собирање 100 милијарди долари годишно до 2020 година за помош на сиромашните земји во борбата со климатските промени, изјави вчера американската државна секретарка Хилари Клинтон.
- САД се подготвени да работат заедно со другите земји за постигнување на целта заедно да собереме 100.000 милијарди долари годишно до 2020 година, за да бидат покриени трошоците во борбата против климатските промени на земјите во развој - рече Клинтон на прес-конференција во Копенхаген.



Има спас за шумите


САД, Австралија, Франција, Јапонија, Велика Британија и Норвешка ветија сума од 3,5 милијарди долари за заштита на тропските шуми, изјави вчера американскиот министер за земјоделство Том Вилсак на конференцијата за климатски промени во Копенхаген.
Средствата ќе бидат исплатени во текот на наредните три години, а САД ќе учествуваат со една милијарда долари. Парите ќе им бидат доделени на земјите во развој, кои нудат амбициозни планови за заштита на тропските шуми.



Поголема помош за сиромашните


Јапонија во следните три години ќе ги зголеми средствата што планира да ги оддели за борбата со климатските промени на 15 милијарди долари, за да им помогне на државите во развој да се вклучат во светската иницијатива за ограничување на последиците од глобалното затоплување, под услов да биде постигнат глобален договор за климата.
Министерот за животна средина Сакихито Оџава прецизира дека од овие средства 11 милијарди долари ќе се одделат од државниот буџет, а останатите пари ќе се доделат од приватниот сектор.
Јапонија досега имаше ветено доделување на 9,2 милијарди долари од 2010 до 2012 година.



 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):