Одгледување на матици 2010 PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 14
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Tехнологии на пчеларење
Недела, 18 Јули 2010 12:13

Оваа 2010 година беше роевска и поволна за одгледување на матици.Оваа година поради проширување на пчеларникот одгледавме матици само за потребите на сопствените пчеларници.

Со големо задоволство можеме да кажеме дека одгледаните матици се со одличен квалитет и виталност.Првите турнуси беа во мај 2010 со двојно пресадување на ларви а последните во јули со -Јентер -пресадуванје на јајца не постаро од 2 дена и 20 часа.Излежани се сите одгледани матици  и  се во фаза на пронесување. Првите матици од последниот турнус пронесоа викендов 17 и 18 јуни 2010.Фотографија,Матица -Јентер- од последнот турнус пронела 17.07.2010

 Оплодниците беа сместени во ДБ медиште со по две рамки на пчели со мед и едно рамка со легло пред излегување на пчелите.Инаку при одгледувањето користена е метода на двоспратен ЛР сандук преграден со матична решетка каде матицата е во долниот спрат а горниот спрат е девет дена без можност матицата да залежува јајца. Деветиот ден целосно се преградени спратовите а во горниот спрат по стресуванјето на 3 до 4 рамнки со пчели од младо легло се додаваат праесадените ларви или во случај на- Јентер- 3 дневни јајца.По 24 до 36 часа преградата е отстранета а пчелината заедница во двата спрата продолжува да комуницира преку матичната решетка.

Во последниот турнус е користено одгледување во присуство на матица од тиха смена што дополнително ги прави матичниците поквалитетни.

Родоначалничката се избира од друштва кои веке 25 години грижливо се селектирани на главните позитивни карактеристики на пчелините заедници.Доколку бидат поволни условите за одгледување матици идната година се надеваме на поголем број на одгледани матици и можност некои наши членови да набават од овие висококвалитетни и селектирани матици.

 Фотографија од матичници и користена опрема 2010. 

 Млада оплодена матица 2010 пронела 17.07.2010.

 
Коментари (1)
1 Петок, 10 Декември 2010 19:37
dekap
Dali e nekoi zapoznat,koga ke gi pustat subvenciite za pcelarstvo?

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):