Есенско третирање против Вароата PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Контрола на болести и штетници kaj пчелите
Сабота, 23 Октомври 2010 19:42

Третирање на пчелините семејства 17/10/2010 година против Вароа деструктор. Семејствата претходно се третирани  од 01/08/2010  со Варозан летвичките.Овој третман е со амитраз - Варолик.На контролните вметнати хартии отпаднатите варои покажуваат висока заразеност на пчелините семејстава.

Тоа упатува на недоволна ефикасност на Варозан летвичките, иако во периодот на третирање со Варозан во пчелините семејства имаше легло. Во овој третман Легло во  пчелини семејстава нема или има сосема малку.

 

Известај Пчеларник Филиповци - Кратово

 
Коментари (6)
6 Петок, 18 Март 2011 17:38
zlate
zdravo na site sakam da ve prasam dali tretiranjeto so mravja kiselina protiv varolik e dobra ili ne
5 Среда, 17 Ноември 2010 16:17
Jovan
Aleksandar vo pravo si ne ti ja imav dovolno precizno objasnato rabotata. Vo mesec APRIL GI TRETIRAV SO Varolik tri pati na sekoj 7 dena .a na 7 AVGUSTgi tretirav so SUPER STRIPS . Golem pozdrav _ - Aleksandar
4 Сабота, 13 Ноември 2010 09:14
Jovan
Vo ohrid ima masovno begane na pcelite od kosnicite .Jas licno od 40 semejstva imam 10 zaguba. Vo kosnisite ostanuva medot a protiv krlez gi tretirav so SUPER-stips-Novi Sad.Ako nekoj ja znae pricinata neka kaze POZDRAV
3 Недела, 07 Ноември 2010 08:31
Александар Узунов
Здраво Александар,

Значи, според тебе, пролетниот или летниот третман во 2010 година е изоставен и пчелните семејства не се третирани скоро цела година!? Можеш ли да ми кажеш зошто не си ги третирал или не си користел рамка градежник на пример?

Дали кога си третирал со Варозан во кошниците имаше поставено контролни листови хартија и дали и колку имаше паднат крлеж?

Извини што нема коментар, но се обидувам да дознаам како се одгледувани пчелите во тој период!

Поздрав,

Александар
2 Вторник, 02 Ноември 2010 18:36
Администратор
Пчелините семејста 2009 година од 01/08/2009 до 30/08/2009 беа третирани со ,,суперстрипс,, летвичките.Семејствата не се третирани со хемиски средства се до 01/08/2010 кога се ставени летвичките од Варозан кои се извадени според упатството за 30 дена.
Контролата е направена на поголемиот дел од пчелините семејства кои имаат вароа подници.Количината на паднатите варои од дименјето со Варолик на 23/10/2010 не беше секаде иста но паднати варои имаше кај сите пчелини семејства.Третирани се околу 90 пчелини семејства.
1 Вторник, 02 Ноември 2010 00:34
Александар Узунов
Здраво Александар,

Ова се само прашања, а не коментари! Те молам, ако не ти е тешко, да ми одговориш на прашањата за да имам подобра претстава за целата ситуација.

Ме интересира со што се и како се третирани овие пчелни семејства во текот на целата година (од лани август до сега во октомври)?

Второ, на колку од семејствата е направен овој тест-третман и на колку од нив има вака висок степен на заразеност?

Поздрав,

Александар

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):