Еколошка свест
Екологија PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еколошка свест
Сабота, 30 Јануари 2010 16:07

Екоамнезија

Анета Стојковска

Светот уште еднаш ни удри шлаканица за освестување рангирајќи не дури на 73. место на листата на еколошки здрави држави. Всушност, не потсети на тоа што сите го знаеме, секојдневно...
Анета Стојковска

Светот уште еднаш ни удри шлаканица за освестување рангирајќи не дури на 73. место на листата на еколошки здрави држави. Всушност, не потсети на тоа што сите го знаеме, секојдневно го чувствуваме и го гледаме, ама пред кое државата упорно ги затвора очите. И ништо не презема.
Македонија е загадена земја. Најзагадена во регионов. Можеме да се тешиме само со Босна, која на листата се најде многу подолу од нас. И да се засрамиме што се сите други многу пред нас.
А, не дека кај нас нема институции во чијшто опис на работата стои дека се задолжени да се грижат за здравата околина. Имаме ние Министерство за животна средина и за просторно планирање и надлежен министер. Знае ли некој во државата како изгледа тој? Се сеќава ли како се вика? Или што е тоа што го направило последно ова министерство за доброто на сите што живееме во државава. Им предлагам на агенциите за истражување на јавното мислење да спроведат анкета дали граѓаните знаат кој им е министер за екологија. Или Трендо да го постави ова прашање во тие што носат милионски суми за точен одговор во многу популарниот квиз.
Задолжен да раководи со ресорот животна средина е министерот Неџати Јакупи. Неговата слика можете да ја видите на веб-страницата на Владата. Тоа што го знаеме за него е дека неодамна му се роди син. Нека е жив и здрав. Но, и тој и сите наши деца живеат и растат во загадена средина, дишат нечист воздух, консумираат храна одгледана на затруена почва.
Големите загадувачи во државата си тераат по свое. Одвреме-навреме ќе се крене врева во јавноста и ќе се заборави работата. Проблемот со загадувањето од ОКТА не е стар и добро го паметиме. Што се случи со обврската да стави мерни станици и филтри на оџаците? Жителите на Ново Лисиче и тие што живеат во околината на „Усје“ постојано алармираат дека нешто страшно смрди во воздухот. Смрдеата сите ја чувствуваат, освен надлежните, на кои, се чини, носовите им се затнуваат оној миг кога ќе дојдат на власт. Град Скопје се мачи како да им издаде интегрирани еколошки дозволи на фирмите во метрополата. До сега успеа тоа да го направи само за три. Другите ги чека да исполнат барем минимум услови за тоа. Тетово со месеци се дави во ѓубре. Таму е најочигледна ситуацијата, но и другите градови не се за машала. Реките се одамна загадени. Земјата е претворена во голема депонија.
Ќе дојде ли денот кога некој сериозно ќе се позанимава со нашата животна средина. Па да донесе некој закон што ќе биде наменет за вистинско решавање на проблемите со загадувањето на водите, почвата и на воздухот. При тоа не мислам на законите што се донесени за полесно полнење на буџетот. Или Законот за заштита од пушење со кој власта ни забрани да се труеме еден со друг. Сега се труеме на улица од издувните гасови на прастарите автобуси и на автомобилите. И секогаш кога ќе отвориме прозорец за да проветриме.
Затоа, министре Јакупи, крајно време е за акција!

превземено од весникот Врме

 
Еколошка свест PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 7
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еколошка свест
Недела, 18 Октомври 2009 18:36

Третирајки теми од пчеларството спонтано  се наметнаа темите на здравјето и здравата исхрана  и темите за медоносни лековити растенија , климатските промени,зачувување на животната средина,природата и општествената правда.Сето ова е тема на една посебна наука која ги сублимира сите овие теми а тоа е Екологијата.

Foto:Високиот индекс на УВ зрачењето упатува на намалена озонска обвивка.

Повеќе...
 
Екологија дефинирање PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 12
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еколошка свест
Сабота, 17 Октомври 2009 23:26


   1. Наука за односите меѓу организмите и нивната средина.  Наречен bionomics.
    2.  Социологијата која се занимава со проучување на врските помеѓу човечките заедници и нивните физички и социјални средини.  Наречено човечка екологија.
    3. Проучувањето на штетните ефекти на модерната цивилизација врз животната средина, со поглед кон спречување или пресврт преку конзервација. Исто така наречено човечка екологија.

 

Повеќе...